Мијачко Папрадишко-Орешко благотворително братство — родољубива и благотворителна општествена организација основана од македонските бегалци во Бугарија. Односно мијачките емигранти од селата Папрадиште и Ореше. Основана е во 1921 година но регистрирана е на јуни 1923 година. Главното седиште било во Софија.

Историјат Во 1890-тите, бројот на македонски емигранти во Бугарија значително се зголемиле. Истовремено биле основани првите македонски братства, прилепското во 1897 година и велешкото во 1899 година. Во 1900-тите е основано Дебарското благотворително братство, меѓу кои членовите биле Мијаци. Повеќето Мијаци во дебарското и велешкото братство не биле задоволни, поради тоа во 1914 година, по иницијатива од Иван Смилевски, Апостол Христов, Филип Томов, Трајче Атанасов, Аврам Чаловски и други, организирале средба каде се договориле да основат свое братство. Во 1915 година било основано Галичко-Реканското благотворително братство. Додека во 1921 година било основано Мијачко Папрадишко-Орешкото благотворително братство.

Во тоа време во Софија, околу 15 семејства биле по потекло од Ореше додека бројката на семејства од Папрадиште е непозната. Благотворителното братство е основано во 1921 година но првиот устав бил усвоен на 2 јуни 1923 година кога регистрацијата на братството било одобрено од бугарското министерство на внатрешни работи и народно здравје. Уставот на братството е испечатено од Војко Лазаров во Софија. Уставот е поделен на четири поглавја: име и цел, средства, управување и општи членови. Во уставот, патронот го празнуваат на Петровден. Делегати за уставот на братството биле: +ДелегатиГеорги ЌулафковскиК. ЧупаровПавел ДимовДимо ВеловПетар ТерзиевМомир СилјановАрсо ИвановВелју ЖбирковПано АрсовН. ЧупаровТрајче АврамовТ. ГеоргиевАндреја ПавловПавел ДимовАндон ТрајковКоста ВасилковГ. МиховПавле ЧуповскиНегрија ИвановТасе ИлиевАндон АврамовН. ПоповП. МарковскиЦ. ДеспотовП. ЌулафковскиА. ИвановВ. ДимовТ. Чупаров Првиот состав на братството било: Павле Ќулафковски за претседател, Д. Манов за потпретседател, П. Марковски за секретар и Пано Арсов за сметководител. Околу почетокот на 1924 година, за време на бугарските репресии спрема македонската емиграција, делегати упатиле писмо кон бугарското министерство за внатрешни работи каде остро ги критикувале: „Итно ве молиме да ги ослободите уапсените Македонци. Вратете ги овие маченици на нивните сиромашни емигрантски семејства, кои страдаат од глад и беда. По кој закон - божествен или човечки - во држава управувана од правото, се фрлаат во затвор и се интернираат граѓани, чија единствена вина е тоа што се родени Македонци. За жал, се чини дека насекаде името Македонец им носи само несреќи и темница!“.

На 16 април 1924 година имало нов состав на братството: Павле Ќулафковски за претседател, Никола Кузманов за потпретседател, Андон Станков за советник, Пано Велов за сметководител и Антон Христов за секретар. На 21 март 1926 година нов состав е усвоен за братството: Кузман Чупаров за претседател, Петар Терзиев за потпретседател, Михаил Станков за секретар, Никола Иванов за сметководител и Павле Димов за советник. Околу јануари 1936 година нов состав е усвоен за братството со следните членови: Пано Велов за претседател, Павел Димов за потпретседател, В. Терзиев за секретар, Георги Ќолавков за сметководител и Никола Стојчев за советник. Во 1938 година Павле Ќулафковски е повторно назначен за претседател, додека Дончо Велчев е потпретседател, Никола Марковски е секретар, Пано Арсов е сметководител и Андреја Далјув е советник. Истата година е основан комитет за контрола со три членови — Петар Терзиев за претседател на комитетот, Павел Иванов и Павле Чуповски за членови.

Во 1941 година нов состав е назначен во братството: Павле Ќулафковски повторно за претседател, Никола Марков за секретар, Пано Арсов и советниците Андон Павлов и Дончо Манев.ЦДА, ф.1960к, оп.1, а.е.32, л.2 Во 1950 година благотворителното братство е укинато, заедно со останатите братства.

Наводи

Библиографија

Категорија:Македонски братства Категорија:Мијаци Категорија:Организации со седиште во Софија Категорија:Појавено во 1921 година Категорија:Престаноци во 1950 година