Земски гранки (, диџе) или дванаесетеречен циклус — систем од дванаесет последователни симболи во Источна Азија. Водат потекло од Кина, и самите се кинески знаци за зборови без конкретно значење освен редната положба на гранката.

Гранките се користат во системот на датумско изразување наречен шеесетгодишен циклус и во кинеската астрологија. Поврзани се со десет небесни стебла во кинескиот календар и даоистичката пракса.

Преглед Дванаесетте земски гранки се: +Земска гранкаПинјинМак. тран.ЗнакЕлементЈин-јангЧасови1子zǐѕеСтаорецводајин23:00–01:002丑chǒuчоуВолземјајин01:00–03:003寅yínјинТигардрвојанг03:00–05:004卯mǎoмаоЗајакдрвојин05:00–07:005辰chénченЗмејземјајанг07:00–09:006巳sìсеЗмијаоганјанг09:00–11:007午wǔвуКоњоганјин11:00–13:008未wèiвејКозаземјајин13:00–15:009申shēnшенМајмунметалјанг15:00–17:0010酉yǒuјоуПетелметалјин17:00–19:0011戌xūсуКучеземјајанг19:00–21:0012亥hàiхајСвињаводајанг21:00–23:00 Секоја гранка има свое име во јазиците на синосферата како кинескиот, јапонскиот, корејскиот, старотуркискиот, виетнамскиот и монголскиот. Се набројуваат слично како буквите по азбучен ред. Покрај календарските месеци, секоја гранка е поврзана со неколку културни категории како животни и часовите од денононоќието, со извесни регионални разлики.

Земските гранки се користат заедно со небесните стебла во кинеските календари, како иво даоистичката пракса. Многу кинески календарски системи ја бројат новата година од појавата на млада месечина по краткодневицата.

Историја Нараното сведоштво за употребата на земските гранки и небесните стебла е при запишувањето не циклуси од денови. Десетте небесни стебла бииле имиња за деновите од неделата за време на династијата Шанг (). Гранките се стари барем колку стеблата, а археолошките наоди укажуваат дека можеби се и постари.

Постојат неколку претпоставки за потеклото на земските гранки пред нивното присуство во пишаните извори. Едно е дека земските гранки се добиени набљудувајќи ја планетата Јупитер (歲星; суејсјинг; „Годишна ѕвезда“), чиј орбитален период е долг приближно дванаесет години. Џонатат Смит смета дека тие изворно (пред династијата Шанг) ги означувале месечевите мени, а небесните стебла тогаш биле поделоци на еклиптиката. Откако биле усвоени како календар, овие ја изгубиле јасната врска со Месечината, и биле пренаменети за положбите на Јупитер.

Кинеската космологија станала пософистицирана во Периодот на завојуваните држави (221 г. п.н.е.), и тогаш дванаесетеречните, десетеречните и шеесетеречните циклуси почнале да важат за други единици за време наместо денови.

Насоки

Иако кинескиот има зборови за четирите страни на светот, кинеските морнари и астрономи претпочитале да ги користат 12-те страни на земските гранки, аналогно на користењето на часовни насоки меѓу западните пилоти. Бидејќи дванаесетте точки не се доволни за пловидба, биле додадени уште 12 меѓуточки. Место да се прават сложенки од соседните насоки, тие добиле нови имиња: на четирите дијагонални страни им се дадени соодветни триграмски имиња од Книгата на промените (И чинг). Останатите биле наречени по небесните стебла 1–4 и 7–10. Според теоријата за петте елементи, истокот е дрвен, а дрвените стебла се 甲 (ѓа) и 乙 (ји). Така, тие биле зададени надесно на двете соседни точки на истокот.

Морепловците како Џенг Хе ( 1405–1433) користеле копаси со 48 точки. Меѓуточките се нарекувале со сложенка од двете соседни правци, како да речеме 丙午 (бингву; 172,5°), во средина помеѓу 丙 (бинг; 165°) и 午 (ву; 180°).

Поврзано Небесни стебла Шеесетгодишен циклус Кинески календар Кинески зодијак

Наводи

Користена литература

Категорија:Кинеска астрологија