Mentha aquatica (воднo нане; лат. Mentha hirsuta Huds.Euro+Med Plantbase Project: Mentha aquatica ) — повеќегодишно цветно растение од родот нане, Lamiaceae. Овој вид расте на влажни места и е од домородно потекло во поголемиот дел од Европа, Северозападна Африка и Југозападна Азија.Flora of NW Europe: Mentha aquatica
Опис Водното нане е тревна ризоматозна повеќегодишна билка која расте во висина до 90 сантиметри. Стеблата се со квадратен пресек, зелени или виолетови и променливо влакнести до речиси без влакна. Ризомите се широко распространети, месести и имаат влакнести корени. Листовите се јајцевидни до јајцевидно-копјести, долги 2 до 6 сантиметри и широки 1 до 4 сантиметри, зелени (понекогаш виолетови), спротивни, назабени и се менуваат од влакнести до речиси без влакна. Цветовите на воденото нане се ситни, густо натрупани, виолетови, цевчести, розови до јоргованести и образуваат терминална хемисферична инфлоресценција. Цветањето е од средината до крајот на летото. Воденото нане ја посетуваат многу видови инсекти и може да се одликува со обопштен синдром на опрашување, но може да се шири и преку подземни ризоми. Сите делови од растението имаат изразен мирис на нане. Неразгранети растенија, без влакна, со потесни лисја и побледи цветови, по потекло од областите на Шведска и Финска во близина на Балтичкото Море, се нарекуваат Mentha aquatica var. litoralis.
Mentha aquatica е полиплоид, со 2 n = 8 x = 96 хромозоми.
Таксономија Mentha aquatica првпат ја опишал Карл Линеј во 1753 година. Како и другите видови Mentha, таа подоцна била преопишана под различни имиња. Во јули 2019 година, Plants of the World Online наведува 87 синоними, вклучувајќи четири облици или сорти што не ги признава. Одгледуваната Mentha citrata (исто така позната како бергамотско нане) се смета за сорта на овој вид.
Во спој со Mentha spicata (кадраво нане) го дава хибридот Mentha piperita (питомо нане), стерилен хибрид. Со Mentha suaveolens (јаболково нане) го дава хибридот Mentha × suavis, со Mentha arvensis (полско нане) го дава хибридот Mentha × verticillata, а со M. arvensis и M. spicata го дава тровидниот хибрид Mentha × smithiana.
Распространетост и живеалиште Водното нане е домородно во поголемиот дел од Европа, Северна Африка и Западна Азија. Однесено е во Северна и Јужна Америка, Австралија и некои атлантски острови.
Како што навестува неговото име, водното нане се јавува во плитките делови на потоци, реки, барички, насипи, ровови, канали, влажни ливади и мочуришта. Ако растението расте во самата вода, се издига над површината на водата. Главно се јавува на благо кисели до варовнички (често е на мек варовник) минерални или тресетливи почви. M. aquatica може да се појави во одредени живеалишта на тресетишта.
Употреба Може да се користи во исхраната и за правење билен чај. Одгледуваната сорта позната како eau de Cologne mint или бергамотно нане се користи за производство на масло од mentha citrata, познато и како масло од бергамот нане, состојка што се користи во парфимеријата (да не се меша со есенцијално масло од бергамот).
Галерија
Наводи
Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Флора на Африка Категорија:Флора на Азија Категорија:Флора на Европа Категорија:Нане Категорија:Незагрозени видови според МСЗП Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј