„Мала буржоаска свадба“ — кратка драма од германскиот драматург Бертолт Брехт, напишана во 1919 година и првпат изведена на 11 декември 1926 година во театарот „Шаушпилхаус“ во Франкфурт под оригиналниот наслов „Свадбата“ (Die Hochzeit). Брехт го променил насловот кратко време подоцна во „Die Kleinbürgerhochzeit“ (Мала буржоаска свадба).
Како и другите рани дела на Брехт („Баал“, „Тапани во ноќта“ и „Опера за три гроша“, „Мала буржоаска свадба“ се смета за критика на буржоаското општество.
Ликови Претставата вклучува девет ликови:
Мајката на младоженецот Таткото на невестата Невестата Младоженецот Младиот човек Сестрата на невестата Жената Човекот Пријателот
Наводи
Категорија:Драми од Бертолт Брехт