Основно училиште „Браќа Миладиновци“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Браќа Миладиновци“ - Калишта; скратено: ПООУ „Браќа Миладиновци“) — подрачно основно училиште во струшкото село Калишта, во состав на ОУ „Браќа Миладиновци“ - Струга од градот Струга, Општина Струга.

Училиштето е именувано по Браќа Миладиновци.

Местоположба

Училиштето се наоѓа на влезот во селото, спроти кампот Рино 2.

Историја

Во 2002 година биле поставени темели за ново училиште, но новата училишна зграда не се изградила и денес постојат само како остатоци во близина на кошаркарското игралиште.

Во поново време, објектот на училиште бил реновиран.

Настава

Во училиштето наставата се изведува на албански и македонски наставен јазик од прво до петто одделение.

Галерија

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Струга Категорија:Калишта Калишта