Црковјани (, Микра Санта; до 1926 година: Τσερκόβιαννη, ЦерковјаниΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Τσερκόβιαννη -- Μικρή Σάντα) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Бер, во Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во југоисточните пазуви на планината Дурла, на надморска височина од 760 метри, недалеку од левиот брег на реката Бистрица. Оддалечено е 20 километри јужно од градот Бер.
Историја
Се работи за стара населба уништена во времето на Негушкото востание во 1822 година и обновена повторно во 1923 година, кога во неа биле сместени 57 бегалски семејства со вкупно 211 жители, колку што имало селото во 1928 година.
Црковјани сериозно настрадало за време на Втората светска војна и Граѓанската војна, така што во пописот од 1951 година селото имало само 76 жители.
Стопанство
Бидејќи селото е планинско, неговото население претежно се занимава со сточарство и малкумина со земјоделство.
Население
Во 1900 година според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во селото живеат 300 Власи христијани.К’нчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 145. Според секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Црковјани (Царовчан) имало 240 Власи.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 224-225. Во книгата „Населените места во Егејска Македонија“ на Тодор Христов Симовски, напишано е дека К’нчов ја споменува населбата со 185 жители Грци, иако е наведено дека не е сосема сигурно дека се работи за истото село.
Спирос Лукатос посочува „грчки јазик на жителите“.Σπύρος Λουκάτος, Πολιτειογραφία της νομαρχιακής περιφέρειας της Θεσσαλονίκης, Μέρος Α’ Υποδιοικήσεις Βερροίας - Θεσσαλονίκης – Κατερίνης, Αθήνα 1987. Цитирано по: Δημήτρης Λιθοξόου. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βέροιας, 1886 - 1927
Во пописите од 1913 и 1920 година, селото воопшто не се споменува. По 1923 година, селото било обновено и во него биле сместени 57 грчки бегалски семејства со вкупно 211 жители, колку што имало селото во 1928 година. Во пописот од 1940 година е забележано со 234 жители. Црковјани претрпело сериозни штети за време на Втората светска војна и Граѓанската војна, поради што во пописот од 1951 година било забележано само со 76 жители, во 1961 година со 77, во 1971 година со 71, во 1981 година со 37, а во 1991 година со 122 жители.
Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 44 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 32 жители.
Самоуправа и политика
Селото припаѓа на општинската единица Бер со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Бер, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Кастанија, во кој покрај селото Црковјани се наоѓа и селото Кастанија.
Наводи
Категорија:Бер (општина)