„Брзина“ (англиски: Speed) – филм на режисерот Јан Де Бонт (Jan De Bont) од 1994 година, снимен по сценариото на Греам Јост (Graham Yost). Главните улоги ги играат: Кијану Ривс (Keanu Reeves), Денис Хопер (Dennis Hopper), Сандра Булок (Sandra Bullock), Џо Мортон (Joe Morton) и Џеф Даниелс (Jeff Daniels).Brzina, američki film (1994.) (пристапено на 6.2.2026)
Синопсис Полицајците Џек (го игра Ривс) и Хари (го игра Дениелс) се одликувани зашто успеале да ги спасат луѓето заробени во лифт во којшто била поставена бомба. Неколку дена подоцна, уценувачот (го игра Хопер) му се јавува на Џек и го известува дека ставил бомба во автобус полн со патници. Притоа, автобусот ќе експлодира ако вози побавно од 50 км/час или ако застане. Уценувачот бара неколку милиони долари. Полицијата го следи автобусот и Џек успева од другото возило да се префрли во автобусот, но бидејќи возачот е ранет, со автобусот управува патничката Ани (ја игра Булок). Уценувачот ставил камера во автобусот, па може да ја следи состојбата на телевизија. Во меѓувреме, во полициската станица, Хари се обидува да открие како да ја деактивира опасната бомба. Во текот на возењето, автобусот наидува на многу пречки, но Ани е способна возачка и успева да дојде до аеродромската писта. Тогаш се појавува уште еден проблем: за десетина минути автобусот ќе остане без гориво...
Наводи
Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 1994 година Категорија:Акциони филмови Категорија:Филмови на Јан Де Бонт Категорија:Филмови со Кијану Ривс Категорија:Филмови со Денис Хопер Категорија:Филмови со Џеф Даниелс Категорија:Филмови со Џо Мортон Категорија:Филмови со Сандра Булок