Интонација — систем на прозодиска организација на говорот што се одразува во говорни единици поголеми од еден слог. Интонациската сфера на говорот непосредно зависи од семантичкиот план на изразување, а со неа говорникот постигнува мноштво варијанти и способност да ги менува и модифицира, во овој поглед, сите свои искази и успешно да ја изрази дури и најмалата промена на значењето со фино нијансирање.
Функции на интонацијата Интонацијата може да придонесе за прикажување на расположението (на пр. изненадување, иронија), може да има граматичка функција (на пр. смирен или опаѓачки тон се поврзува со искази или информативни реченици, додека растечкиот тон се поврзува со прашања), давајќи значење на одреден дел од реченицата (на пр. во реченицата „Денес одам на училиште“, со нагласување на зборовите денес, оди и училиште поединечно постигнуваме три различни значења на оваа реченица) итн.
Поврзано Акцентологија Прозодија
Наводи
Категорија:Лингвистика Категорија:Македонски јазик