Емигрантски комунистички сојуз „Ослободување“ — огранок на Бугарската комунистичка партија за македонските социјалисти од Вардарска и Егејска Македонија. Основано во 1920 година и предводено од Димо Хаџи Димов. Организацијата дејствувала против влијанието на ВМРО (Автономисти). Орган на сојузот бил весникот „Ослободување“.

Историјат После Првата светска војна, голем дел од поранешните членови на Македонската револуционерна организација се иселиле во Царството Бугарија. Се развила внатрешна борба меѓу врховистите и социјалистички струи за влијание врз македонското емигрантско население. На 23 октомври 1918 година, организирале конгрес во Софискиот универзитет во кои главниот говорник бил Љубомир Милетиќ. Меѓу врховистите биле Георги Баждаров, Кирил Прличев, Симеон Радев и Тодор Александров. Додека од левицата биле Ѓорче Петров и Димо Хаџи Димов.

После неуспехот на конгресот, Серчаните ја објавиле Серската декларација, додека Димо Хаџи Димов ја објавил брошурата Назад кон автономијата. Социјалистите го основале Привременото претставништво, предводено од Христо Татарчев, Петар Поп Арсов, Михаил Герџиков и Петар Ацев. Додека врховистите ја основале ВМРО (Автономисти), предоводена од Тодор Александров. Во 1919 година пропаднало Привременото претставништво. Во 1920 година, со поттик од Бугарската комунистичка партија, основан е Емигрантскиот комунистички сојуз на чело со Димо Хаџи Димов.

ЕКС не успеала да го привлече вниманието меѓу македонските емигранти. Освен Хаџи Димов, Васил Главинов и Христо Јанков од Кукуш биле клучни членови во организацијата. Организацијата ги ширела идеалошките ставови на Бугарската комунистичка партија. Меѓу 1920-1923 година нивниот орган бил весникот „Ослободување“, уредена од Хаџи Димов и Главинов. Во август 1923 година, после преговори меѓу БКП и ВМРО (Автономисти),Куманов, Милен. „Македония. Кратък исторически справочник“, София, 1993, стр. 99 организацијата е укината. Повеќето членови подоцна се приклучиле во ВМРО (Обединета).

Наводи

Категорија:Македонски организации во дијаспората Категорија:Појавено во 1920 година Категорија:Престаноци во 1923 година Категорија:Македонски социјалисти Категорија:Димо Хаџи Димов Категорија:Бугарска комунистичка партија Категорија:Македонски емигрантски организации во Бугарија