Лангбеинитот — минерал од калиум магнезиум сулфат со хемиска формула K2Mg2(SO4)3. Лангбеинитот кристализира во изометриско -тетартоиден (кубен) систем како транспарентен безбоен или бел со бледи нијанси од жолта до зелена и виолетова кристална маса. Има стаклест сјај. Мосовата тврдост е од 3,5 до 4, а специфичната тежина е 2,83. Кристалите се пиезоелектрични.

Минералот е руда на калиум и се јавува во морските наслаги на евапорити во асоцијација со карналит, халит и силвит.

Првпат е опишан во 1891 година за пронаоѓање во Вилхелмсхал, Халберштат, Саксонија-Анхалт, Германија, и именуван по А. Лангбајн од Леополдсхал, Германија.

Поврзани супстанции вклучуваат хидрирани соли леонит (K2Mg(SO4)2·4H2O) и пикромерит.(K2Mg(SO4)2·6H2O)

Наводи

Категорија:Коцкести минерали Категорија:Евапорит Категорија:Сулфатни минерали Категорија:Минерали на магнезиумот Категорија:Минерали на калиумот Категорија:Минералогија