Драган Томовски — македонски фудбалер, менаџер и тренер, како и иноватор и спортски новинар.
Во текот на својата фудбалска кариера настапил за Напредок Крушевац, Нови Сад, Вардар, Работнички, Југококта Куманово, Скопје и Фас 11 Октомври.
Биографија
Томовски е роден на 20 мај 1950 година во Скопје.
Започнал да игра фудбал на 13 години и во текот на кариерата настапувал за клубовите Напредок Крушевац, Нови Сад, Вардар, Работнички, Југококта Куманово, Скопје и Фас 11 Октомври.
По завршувањето на фудбалската кариера станал директор на ФК Вардар, при што екипата трипати го освоила првенството и купот на Македонија.
Во текот на кариерата бил и скаут за ФК Херенфен за Балканот.
Бил вклучен како спортски новинар и колумнист во повеќе македонски медиуми, како што се Спортското радио, порталот „Екипа“, порталот „Нетпрес“, серијалот „Спортски легенди“ на ТВ Телма и друго.
Иновации
Во текот на работењето, Томовски има поднесено повеќе идеи и иновации: Балканска лига Прв правилник за наградување на играчи Авионска компанија за ФК Вардар Компјутерски уред за поддршка на судии Предлог за дополнително време
Награди
Медал на интернационалниот саем на пронајдоци Сеул (Јужна Кореја) во 2002 година Награда „13 Ноември“ во 2001 за спортски работник на годината
Наводи
Категорија:Македонски фудбалери Категорија:Македонски фудбалски тренери Категорија:Живи луѓе