„Слеп патник на бродот на лудите“ (српски: Слепи путник на броду лудака) – филм на режисерот Горан Марковиќ од 2016 година. Автор на сценариото е Вуле Журиќ. Филмот е снимен во продукција на Радио-телевизија Србија, а неговата тема е последниот период од животот на големиот српски писател Петар Кочиќ, во душевната болница на Губеревац, во 1916. година. Филмот ја прикажува депресивната слика Белград под австроунгарската окупација при што на трагикомичен начин, животот на лекарите, болничкиот персонал и пациентите претставува метафора за животот „на слободна територија“. Директор на фотографијата е Ѓорѓе Арамбашиќ, уредник на филмот е Милош М. Радовиќ, сценографијата е дело на Драгослав Ивковиќ и Александар Цвијановиќ, костимографијата е дело на Сузана Глигоријевиќ, монтажер е Тихомир Дукиќ, а автор на музиката е Зоран Симјановиќ. Слепи путник на броду лудака (пристапено на 14.2.2026)

Улоги Александар Ѓурица како Коста Херман, Игор Ѓорѓевиќ како Петар Кочиќ, Тихомир Станиќ како др Стоимировиќ, Маша Дакиќ како Елена, Радоје Чупиќ како д-р Суботиќ, Јелена Ѓокиќ како д-р Славка, Андријана Оливериќ како Бошњаковиќ, Срѓан Тимаров како Душан Срезојевиќ, Горан Шушљик како Бурбон, Немања Оливериќ како Бертолд, Александар Среќковиќ Кубура како Арса Лорд, Зинаида Дедакин како тетка Мара, Раде Миљаниќ како Димитријевиќ, Мирољуб Лешо како отац Прота.

Синопсис Додека во Белград владеат окупацискиот терор, смртта и разурнувањето на материјалните вредности, во душевната болница, која претставува еден вид „брод на лудите“, владее длабоко разбирање, почитување и грижа за блиските. Меѓутоа, кога пристигаат „слепите патници“ (бегалците од окупациската власт кои во болницата пронаоѓаат сигурно засолниште од интернацијата), приказната за Петар Кочиќ се претвора во симболична приказна за судирот меѓу доброто и злото. Низ судирот меѓу Кочиќ и Коста Херман, кој започнал многу порано во Босна каде Кочиќ работел на националното ослободување, се отвора интимната тема за зависта поради немањето вистински уметнички талент. Патолошката омраза на неталентираните а моќните, нивната потреба да го прогонуваат и да му се одмаздуваат на секого кој има слободен дух и талент, прикажана е на возбудлив и трагичен начин...

Наводи

Категорија:Српски филмови Категорија:Филмови на српски јазик Категорија:Филмови од 2016 година Категорија:Филмови за писатели Категорија:Филмови на Горан Марковиќ Категорија:Филмови со Јелена Ѓокиќ Категорија:Филмови со Андријана Оливериќ Категорија:Филмови со Горан Шушљик Категорија:Филмови со Срѓан Тимаров Категорија:Филмови со Немања Оливериќ Категорија:Филмови со Радоје Чупиќ Категорија:Филмови со Тихомир Станиќ Категорија:Филмови со Маша Дакиќ Категорија:Филмови со Игор Ѓорѓевиќ Категорија:Филмови со Александар Ѓурица Категорија:Филмови со Александар Среќковиќ Кубура Категорија:Филмови со Зинаида Дедакин Категорија:Филмови со Раде Миљаниќ Категорија:Филмови со Мирољуб Лешо Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Белград Категорија:Филмови засновани на раскази