Земанитот — многу редок оксиден минерал со хемиска формула Mg0.5ZnFe3+[TeO3]3·4.5H2O. Кристализира во шестоаголниот кристален систем и формира мали призматични кафеави кристали. Поради реткоста и малата големина на кристалот, земанитот нема примена и служи како колекционерски предмет.

Историја и етимологија Земанитот бил откриен во 1961 година во наоѓалиште на телур во близина на Моктезума, Сонора, Мексико, како неименуван нов минерал. Тогаш не бил прифатен од Меѓународното минералошко здружение (ММЗ) поради неизвесноста во неговиот хемиски состав.

Минералната структура била решена во 1967 година од страна на Екхарт Мацат со формула .E. Matzat: Die Kristallstruktur eines unbenannten zeolithartigen Tellurminerals, (Zn,Fe)2[TeO3]3}NaxH2−x • n H2O. In: Tschermaks Mineralogische und Petrologische Mitteilungen. Nr. XII, 1967, S. 108–117. Две години подоцна, минералот бил препознаен од ММЗ под името земанит, во чест на австрискиот минералог Јозеф Земан (роден 1923 година), кој интензивно работел на минерали од телуриум.E. Matzat, SJ Wiliams Zemannite, a new tellurite mineral from Moctezuma, Sonora, Mexico, Canadian Mineralogist Vol. 10, 1969, pp. 139–140.

Подоцнежните истражувања покажале дека земанитот, како и сродниот минерал кинихилит, често содржат примеси од натриум и магнезиум и затоа формулата била рафинирана до нејзината денешна форма,

Поврзани минерали Земанитот е секундарен минерал добиен со распаѓање на природните телуриумски минерали, како што се силванит или калаверит. Како резултат на овој процес, елементарните телуриумски анјони (Te2− или Te22) се преобразуваат во Te4+ катјон врзан со кислород во телуратен јон [TeO3]2−.

Земанитот е хемиски и структурно сличен на кистонеит и кинихилит; заедно, овие минерали ја формираат таканаречената „земанитна група“.Zemannite Group

Покрај Моктезума, земанит бил пронајден и во Виелсалм - општина во белгиската покраина Луксембург и во близина на Шимода, Шизуока, Јапонија.

Морфологија и структура мини|300x300пкс|Кристална структура на земанитот. Земанитот кристализира во шестоаголен кристален систем, просторна група P63m со параметри на решетката a = 941 pm и c = 764 pm и две формулни единици по единична ќелија. Te4+ се врзува со три атоми на кислород формирајќи [TeO3]2− анјони, каде што кислородните атоми формираат тригонални пирамиди околу телуриумскиот јон. Катјоните Zn2+ и Fe3+ го делат истиот центар со типични соодветни веројатности од 40% и 60%; овие вредности можат да варираат од кристал до кристал. Примесот Mn2+, доколку е присутен, исто така го дели истото место. Ова место е опкружено со искривен октаедар од шест атоми на кислород. Овие полиедри од телуриум-кислород и Fe/Zn-кислород формираат мрежа со широки (0,83 nm пречник) канали паралелни на кристалографската c- оска (нормално на сликата). Затоа, земанитите често се припишуваат на зеолитни материјали. Каналите често се окупирани од натриумови примеси и вода.

Катјоните на Mg2+ формираат октаедарски комплекси со шест молекули на вода кои се наоѓаат во каналите на кристалната структура. Зафатеноста на местата на Mg е 50%, што се одразува со коефициентот 0,5 во хемиската формула.

Земанитот формира призматични кристали, обично помали од 1 мм. Бидејќи земанитот е секундарен минерал, неговите кристали обично се наоѓаат на други карпи и ја задржуваат шестоаголната форма кое одговара на нивната кристална симетрија. Идеалните пирамидални врвови, како на сликата од инфокутијата, често отсуствуваат.

Наводи

Дополнително читање RV Gaines:The Moctezuma tellurium Deposit. In:Mineralogical Record. No. 1, 1970, pp. 40–43. S. White:The big Lapis minerals directory. 4th Edition. Christian Weise Verlag, Munich 2002,

Надворешни врски Spectroscopic data for Zemannite

Категорија:Шестаголни минерали Категорија:Минерали на цинкот Категорија:Минерали на магнезиумот