Тарбутит — редок фосфатен минерал со формула Zn2(PO4)(OH). Бил откриенво 1907 година во денешна Замбија и именуван по Перси Ковентри Тарбут.
Опис и навика Тарбутитот е бел, жолт, црвен, зелен, кафеав или безбоен; на пропуштена светлина е безбоен. Трагите од бакар предизвикуваат зелена боја, додека железните хидроксиди ги предизвикуваат останатите бои. Безбојните кристали имаат склонетост да бидат проѕирни, додека обоените примероци имаат различен степен на проѕирност.
Минералот се јавува како еквантни до кратки призматични кристали до 2 сантиметри, во агрегати во облик на сноп или седло, или како кора. Поединечните кристали се најчесто заоблени и набраздени.
Структура Цинковите јони се опкружени со кислород во речиси совршена тригонална двојна пирамида, а фосфатните групи се тетраедарски. Кристалната структура се состои од цик-цак синџири од Zn1 полиедри поврзани со фосфатни групи и парови од Zn2 полиедри. Во секоја единична ќелија има две формулни единици на Zn2(PO4)(OH).
Историја Тарбутитот бил откриен во 1907 година во рудникот Брокен Хил, Северна Родезија (денес Замбија). Минералот бил опишан од примероци во целуларен лимонит во најголемиот рид од групата, Копје бр. 2.Spencer, p. 1. Во пештера откриена во Копје бр. 1 со дупчење тунел, тарбутитот бил пронајден и во врска со хопеит како нејасни кристали и кристали помали од 1⁄16 милиметри и како инкрустација на некои коски. Неколку примероци од минералот биле собрани од Перси Ковентри Тарбут, директор на компанијата за истражување Брокен Хил..Spencer, p. 2.Spencer, p. 30.Во 1907 година, името тарбутит било предложено од Л.Ј. Спенсер во списанието „Природа“ во чест на Тарбут..Spencer, p. 22.
Кога било основано Меѓународното минералошко здружение, тарбутитот бил признат како валиден минерален вид.
Појава Тарбутитот е пронајден во Алжир, Ангола, Австралија, Канада, Кина, Намибија, САД и Замбија.
Тарбутитот се формира како секундарен минерал во оксидирани наслаги на цинк. Пронајден е заедно со церусит, десклоизит, хемиморфит, хопеит, хидрозинцитлимонит, парахопеит, пироморфит, схолзит, смитсонит и ванадинит.
Наводи
Извори
Palache, P.; Berman H.; Frondel, C. (1960). "Dana's System of Mineralogy, Volume II: Halides, Nitrates, Borates, Carbonates, Sulfates, Phosphates, Arsenates, Tungstates, Molybdates, Etc. (Seventh Edition)" John Wiley and Sons, Inc., New York, pp. 869–871.
Дополнително читање
Категорија:Фосфатни минерали Категорија:Минерали на цинкот Категорија:Триклински минерали