Свиница (познато и како Свинца, Свинче или Свиништа; , Сфина; до 1926 година: Σφήνιτσα, СфиницаΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σφήνιτσα -- Σφήνα) — поранешно село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Гида, во Централна Македонија, Грција.

Селото постоело до почетокот на Втората светска војна, а денес претставува дел од атарот на селото Кипсели.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на еден километар јужно од бегалското село Кипсели, во близина на главниот пат што води од градот Гида за градот Катерина и југозападно од селото Голем Алабор.

Сместено е во областа Урумлак. На два километри на југ се наоѓа Свиничкиот манастир „Св. Атанасиј“.

Историја

Селото најверојатно е погрчено уште од постаро време.

Во 1922 година, во селото биле населени грчки бегалци. Во 1928 година, Свиница била мешана населба со 64 бегалски семејства со вкупно 270 жители.

Во 1926 година, селото било преименувано во Сфина (Σφήνα).

Подоцна, бегалските семејства започнале да го напуштаат селото и да се населуваат во соседното село Кипсели. Причината за напуштање на селото се должела на фактот што тоа и неговите имоти му припаѓале на соседниот манастир „Св. Атанасиј“, поради што и не можеле да бидат обработувани и дадени во сопственост на селаните.

Население

Во 1900 година според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во Свинца (Свинче) живееле 60 Грци христијани.К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 144. По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Свинца (Свинче) (Svintza Svintché) живееле 55 Грци.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 222-223.

Во селото по Балканските војни биле сместени извесен број бегалски семејства. До 1924 година, тука биле сместени вкупно 64 бегалски семејства со 270 жители. И покрај тоа, во пописот од 1928 година Свиница се води како мешана населба со само 92 жители, што укажува дека поголем број од бегалските семејства веќе го напуштиле селото. Малку подоцна и преостанатите жители го напуштиле селото и се прибрале во соседното село Кипсели.

Самоуправа и политика

Денес, селото претставува дел од селото Кипсели.

Личности

Родени во Свиница Атанасиос Хаџопулос (1876-1936) — грчки андартски револуционер

Наводи

Категорија:Историски села во Гида