Мрчара — мал ненаселен остров во хрватскиот дел од Јадранското Море, сместен западно од островите Прежба и Ластово во јужна Далмација. Неговиот највисок врв е на надморска височина од 123 метри, а крајбрежјето со должина од 7,8 километри. лево|мини|Поглед на Мрчара од Прежба Мало пристаниште на источниот брег на островот со мал сезонски ресторан служи за бродски сообраќај.
Во јули 2011 година, островот бил домаќин на својот прв натпревар по пејнтбол. Се користеле пејнтбол топки со проѕирна обвивка, кои биле исполнети со фолии за да не се остават никакви траги на историските тврдини и тунелски комплекси на островот.
Поврзано
Список на острови во Хрватска
Наводи
Категорија:Острови во Јадранското Море Категорија:Ненаселени острови во Хрватска Категорија:Координати на Википодатоците