мини|Поглед кон островите од Хвар Паклински Острови се наоѓаат покрај југозападниот брег на островот Хвар, Хрватска, спроти влезот во пристаништето на градот Хвар. Името популарно се кажува и како Пеколни Острови, но првично името потекнува од архаичниот збор паклина, со значење „катран“, а во овој случај се однесува на боровата смола што некогаш се користела за премачкување на бродови, а се собирала на овие острови.
Главниот остров Свети Климент е наречен Велики Оток. Има 3 населби, Палмижана, Момица Поље и Влака. Во Палмижана има голема, добро заштитена марина за јахти.
Наводи
Литература
Категорија:Острови во Јадранското Море Категорија:Острови во Хрватска