Под опсада 2: Мрачна територија () — американски акционен трилер од 1995 г. во режија на Џеф Марфи. Во главната улога настапува Стивен Сигал како поранешниот припадник на специјалната единица „Морски фоки“, Кејси Рајбек. Дејството се одвива во воз што патува низ Карпестите Планини од Денвер до Лос Анџелес. Филмот е продолжение на хитот Под опсада од 1992 г., во кој исто така глуми Сигал. Насловот се однесува на железничкиот поим „мрачна територија“ — дел од пругата што нема железнички сигнали и каде врската помеѓу отправниците на возови и машиновозачите е невозможна.

Продуценти на филмот се Стивен Сигал, Арнон Милчан и Стив Пери. Глумечката екипа ја сочинуваат и Ерик Богосијан, Еверет Макгил, Морис Честнат, Питер Грин, Куртвуд Смит и Кетрин Хајгл. Покрај Сигал, своите улоги од првиот дел ги повторуваат и Ник Манкузо, Енди Романо и Дејл Дај. Иако филмот остварил умерен трговски успех, тој добил поделени одзиви од јавноста.

Содржина Командантот на „Морските фоки“, Кејси Рајбек, се повлекол од морнарицата по настаните од првиот филм и сега работи како готвач во кафетеријата „Mile High“ во Денвер, Колорадо. Рајбек ја носи својата внука Сара на одмор за повторно да се зближат и да си дадат меѓусебна поддршка по смртта на нејзините родители. Тие се качуваат на воз што патува на запад низ Карпестите Планини од Денвер кон Лос Анџелес.

Со помош на платеникот Маркус Пен и десетици негови војници, поранешниот генијалец на ЦРА (кој е умствено нестабилен), Тревис Дејн, го презема возот, ги заробува патниците и екипажот како заложници и поставува мобилен контролен центар. Тој упаѓа во базата на податоци на ЦРА и презема контрола врз строго доверлив одбранбен спутник што самиот го дизајнирал додека работел за Агенцијата. Финансиран од странски интересни групи, тој планира да заработи една милијарда долари користејќи го вселенското оружје за да го крене во воздух Источниот брег, гаѓајќи јадрен реактор сместен под Пентагон.

Дејн ги исмева началниците во Пентагон уништувајќи кинеска фабрика за хемиско оружје и два потајни авиони испратени да го пресретнат, уверен дека не може да биде сопрен бидејќи неговата местоположба не може да се следи додека возот е во движење. Рајбек, со помош на младиот спроводник Боби Закс, е единствениот што може да ги елиминира злобниците, да ги спаси заложниците и да ја спречи катастрофата пред Дејн да ги реализира своите подли планови.

Улоги

| Стивен Сигал || Кејси Рајбек |- | Кетрин Хајгл || Сара Рајбек |- | Ерик Богосијан || Травис Дејн |- | Морис Честнат || Боби Закс |- | Еверет Макгил || Маркус Пен |- | Ник Манкусо || Том Брејкер |- | Бренда Баке || капетанка Линда Гилдер |- | Енди Романо || адмирал Бејтс |- | Питер Грин || главниот платеник |- | Патрик Килпатрик || платеник 1 |- | Скот Саурес || платеник 2 |- | Афифи Алау || Фатима, платеничка |- | Дејл Дај || капетан Ник Гарза |- | Куртвуд Смит || генерал Стенли Купер |- | Дејвид Ђанопулос || капетан Дејвид Трилинг |- | Сандра Тејлор || Кела, келнерка во возот |- | Џонатан Бенкс || Скоти, платеник што управува со возот |- | Ројс Д. Еплгејт || готвач во ресторанот на Рајбек |- | Дејл Пејн || спроводник на возот

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Американски акциони филмови Категорија:Филмови од 1995 година Категорија:Филмови на Warner Bros.