Света Марина (, Агија Марина) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Бер, во Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
Селото е оддалечено околу 13 километри северозападно од градот Бер и исто толку југоисточно од градот Негуш, на надморска височина од 40 метри. Површината на селскиот атар изнесува 14 квадратни километри.
Селото се наоѓа на два километри источно од селото Јанчишта.
Историја
Селото е доста старо и во минатото било чисто македонско.
Селото настрадало од нападите на грчките андарти за време на грчката вооружена пропаганда. Пред февруари 1906 година, жителите на селото добиле заплашувачко писмо од капетанот Костас Акритас.
Еден месец подоцна, грчка чета ја нападнала Света Марина, но е одбиена од селската милиција на ВМОРО, која убива петмина.Сониксен, Алберт. „Изповедта на един македонски четник“, Издателство на Отечествения фронт, София, 1983.
Стопанство
Селото е прилично богато, бидејќи се наоѓа сред поле, а земјата која се наводнува, е многу плодна и дава високи приноси. Основни производи на населението се овошје (праски и круши), памук, шеќерна репка и друго.
Население
Во 1900 година според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во селото живееле 185 Македонци христијани.К’нчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 144. По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Света Марина имало 248 жители.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 222-223. Во селото работело егзархиско училиште, каде предавала Елисавета Коронова од Воден.Галчев, Илия. „Българската просвета в Солунския вилает“, УИ, София, 2005, стр. 412
Во 1913 година, селото е забележано со 208 жители, од кои 104 биле мажи, а 104 жени. Во 1920 година имало 216 жители. По 1923 година, како и во другите берски села, биле сместени и 72 бегалски семејства со вкупно 237 бегалци. Така, селото станало мешана населба, со македонско и бегалско грчко население. Како мешана населба во 1928 година имало 443, во 1940 година 652, во 1951 година 809, во 1961 година 935, во 1971 година 886, во 1981 година 964, а во 1991 година 958 жители.
Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 788 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 864 жители.
Самоуправа и политика
Селото припаѓа на општинската единица Добра со седиште во селото во Јанчишта, која припаѓа на поголемата општина Бер, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Света Марина, во кој единствено село е Света Марина.
Културни и природни знаменитости
Цркви Црква „Св. Марина“ — стара црква изградена во 1700 година во Старото село на 2 километри од ново; прогласена е за споменик на културата во 1985 г. Црква „Св. Марина“ — нова црква изградена во 1936 година
Наводи
Белешки
Категорија:Бер (општина)