Dianthus kapinaensis — вид каранфил опишан од Маркграф и Линдт. Dianthus kapinaensis е од родот Dianthus и семејството Caryophyllaceae. Во Каталогот на животот не се наведени подвидови.2000 & ITIS Catalogue of Life: 2014 Annual Checklist.
Опис и распространетост Ова е многугодишно сивозелено растение со брашнест налеп, високо 20-40 см. Листовите на стерилните гранчиња се групирани во розети, долги 3-4 см. Цветовите се групирани во соцветија, од по 3-7 цвета.Кирил Мицевски: Флора на Република Македонија, Том I, св. 2, МАНУ Скопје, 1993, стр. 389
Расте по варовнички камењари, во појасот на македонскиот даб, и на надморска височина до 800 м. Ендемит со многу ограничено распространување. Познат по долниот тек на реката Треска, Македонски Брод и Скопје.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Каранфил Категорија:Ендемска флора на Македонија Категорија:Флора на Македонија