Озге Јагиз (родена 26 септември 1997 година) — турска глумица.
Ран живот Озге Јагиз била родена на 26 септември 1997 година во Истанбул. Студирала на Академијата за комуникациски науки на Башкентовиот универзитет.
Кариера Таа ја започнала својата актерска кариера во 2018 година, со мала улога во третата сезона од серијата Ти го именуваш тоа која се емитувало на Стар ТВ и ја играла улогата на Зелиха.
Во февруари 2019 година, таа се појавила во телевизиската серија Ветување на Канал 7, како Рејхан .Тоа било нејзината 1 главна улога ,која ѝ отворило врати во поголемите серии.
Подоцна во 2020 година, таа глумела во Мојата лева страна како Сера.
Во 2021 година, таа започнала да работи на Еден од нас, во кој ја играла улогата на Хава, ќерка во турско муслиманско семејство.
Во 2022 година, таа се појавила во телевизиската серија Баба. Таа ја играла улогата на Бушра Саруханли, единствената ќерка на Емин ,во текот на 2 сезони од по 30 епизоди.
Во 2023 година, таа глумела во 2 филма. Во Друг вид љубов таа ја играла главната улога. Таа исто така глумела во Бела техника. Во 2023 год, таа глумела во Сафир, каде што ја играла главната улога на Фераје.
Во 2026 година глумела во Нејзините очи се како Црното Море каде што ја играла улогата Ѓунеш Ајдинај. Нејзина колешка во оваа серија е Халит Озгур Сари во улогата на Азил Јилмаз.
Личен живот Озге има постара сестра. Езги Јагиз.
Актерката била во романтична врска со Гокберк Демирџи, кого го запознала во телевизиската серија Ветување во 2019 година. Парот се свршил, но ја завршиле врската во 2022 година. Кон крајот на 2023 година, Озга започнала врска со нејзиниот колега од Сафир, Бурак Беркај Акѓул, со кого се појавила во главната улога, а врската завршила во ноември 2025 година.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1997 година Категорија:Турски глумци