Голем слачец (науч.: Calystegia sepium) е вид цветно растение од семејството Convolvulaceae. Има космополитска распространетост низ умерените региони на северната и јужната хемисфера.

Опис Calystegia sepium е тревесто повеќегодишно растение кое се витка во насока спротивна од стрелките на часовникот до висина од 3 метри. Листовите се распоредени наизменично на стеблото, тие се матно зелени погоре и побледи подолу, едноставни и во форма на стрела, во должина се 5-10 см и широки 3-7 см.

Цветовите се бели, понекогаш со розови делови, кои се создаваат од доцна пролет до крајот на летото (помеѓу јули и септември во северна Европа). Пупките се опкружени со големи овални, зелени прицветничиња со бордо рабови. За време на антезата тие не се преклопуваат (или едвај се преклопуваат). Отворените цветови се во форма на труба. По цветањето, плодот се развива како речиси сферична капсула, која е скриена од брактите. Тоа е 1 см во дијаметар, што содржи две до четири големи, темно кафеави, или црни семки што се обликувани како исечени на четвртинки.

Растението успева во жива ограда, полиња, меѓи, покрај патишта и отворени шуми.

Ова растение е токсично, содржи калистегински алкалоиди.

Во Македонија Расте покрај ниви, бавчи, на влажни места, мочуришта, ливади, во речни клисури, и најчесто во низинските региони. Го има во Скопје, Петровец, Сарај, Таорска Клисура, Велес, клисурата на реката Тополка, Кочани, село Оризари, Банско, Дојранско, Охридско Езеро, Струшко БЛато, Ресен, Демир Хисар, Дебар, Битола, Росоман, Демир Капија, Скопска Црна Гора и на некои други места.Владо Матевски: Флора на Република Македонија, том II, св. 1, стр. 66-67, издавач: МАНУ, Скопје, 2010

Идентификација Постојат неколку видови на Calystegia кои се јавуваат во слични живеалишта, и може да биде тешко да се разликуваат, особено кога не цветаат. Во Велика Британија е вообичаена практика да се третираат C. sepium, C. silvatica и C. pulchra како агрегат, и обично се евидентираат како „C. sepium agg.“, секогаш кога идентификацијата е неизвесна. Употребата на овој термин понекогаш создава забуна околу тоа за кој таксон се дискутира.

Најдобриот начин да се оддели сепиум од другите таксони, е преку прицветничињата, кои го потпокриваат цветот, и целосно или делумно ги опфаќаат чашките. Calystegia sepium има две прилично долги, тесни прицветничиња кои не се допираат, додека другите два вида имаат пократки, пошироки прицветничиња кои се преклопуваат таму каде што се среќаваат.

Таксономија Прифатени се неколку регионални подвидови:

Calystegia sepium subsp. americana. Северна Америка. Calystegia sepium subsp. angulata. Северна Америка. Calystegia sepium subsp. appalachiana. Источна Северна Америка. Calystegia sepium subsp. erratica. Северна Америка. Calystegia sepium subsp. limnophila. Јужна Северна Америка. Calystegia sepium subsp. roseata. Западна Европа, крајбрежјата. Цвеќињата се розеви. Calystegia sepium subsp. sepium. Европа, Азија. Calystegia sepium subsp. spectabilis. Сибир. Цветовите често се розови.

Слични видови

Calystegia silvatica, понекогаш се третира како подвид на C. sepium. Convolvulus arvensis, слична лоза со многу помали карактеристики. Испакнатите листови на задниот раб се остри. Листовите на Ipomoea pandurata, се во форма на срце, а не како врв од стрела.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Flora Europaea: Calystegia sepium Ботаничко друштво на Британија и Ирска: Calystegia sepium

Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Слачец Категорија:Флора на Европа Категорија:Флора на Азија Категорија:Флора на Северна Америка Категорија:Флора на Македонија