Дејан Говедарица (роден на 26 септември 1969 година, во Зрењанин) — југословенски и српски фудбалски тренер и поранешен фудбалер, играч од средниот ред.

Клупска каријера Кариерата ја започнал во екипата Пролетер Зрењанин каде играл три сезони, пред да премине во Војводина во 1992 године, каде одиграл 102 натпревари и постигнал 16 гола. Во Војводинa играл се до почетокот на 1996 година, кога во зимскиот преоден рок заминал во странство каде потпишал за холандскиот клуб Волендам.

Во дресот на Волендам играл до летото 1997, забележувајќи 37 натпревари во холандското првенство на кои постигнал осум гола, а посебно впечатлив бил неговиот последен настап за клубот во кој постигнал хет-трик во победата со 5-2 над Утрехт на 25 мај 1997 година.

По испаѓањето на Волендам на крајот од сезоната 1996-1997, Говерарица ја напуштил Холандија за да се пресели во Италија, потпишувајќи за Лече, за 2 милијарди лири; таму тој играл со клубот во Серија А 1997-1998, постигнувајќи еден гол во текот на првенството, погодок кој ја отворил вратата кон историската победа на Лече со 1-2 на Сан Сиро против Милан на 19 октомври 1997. Сепак, и покрај тоа, тој имал неуспешна сезона, покажувајќи атлетски слабости кои го спречиле со успех да настапува во највисоката италијанска лига. Навивачите на Лече го нарекувале „Cadaverica“ (предвод на мак. „мртовец“) поради неговите ограничувања.

По Светското првенство, тој го раскинал договорот со Лече, а потоа се вратил во Холандија, потпишувајќи со РКЦ Валвајк. Таму играл четири сезони пред да се пресели во НЕК од Најмеген, а потоа да се врати во својата татковина, повторно во Војводина, последниот клуб за кој играл пред да се пензионира во 2005 година.

Репрезентативна кариера Своето деби за СР Југославија го имал во 1994 година против Бразил во пријателски натпревар. Две години подоцна, тој го постигнал својот прв гол за југословенската репрезентација во пријателската победа со 3-2 против Аргентина.

Како член на репрезентацијата учествувал на Светското првенство 1998 (на кое играл, и тоа лошо, во само еден натпревар) и на Европското првенство 2000, за време на кое постигнал гол против Шпанија, но и автогол во четвртфиналето против Холандија. По континенталното натпреварување, тој повеќе не настапил за националниот тим, за кој одиграл вкупно 29 натпревари и постигнал 2 гола.

Хронологија на репрезентативните настапи

Наводи

Надворешни врски

Дејан Говедарица на transfermarkt Дејан Говедарица на whoscored

Категорија:Српски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Војводина Категорија:Фудбалери на ФК Лече Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Родени во 1972 година