Ноќниот агент () — американски акционен трилер создаден од Шон Рајан, заснован на истоимениот роман на Метју Кверк. Со Гејбриел Басо во главната улога, серијата премиерно била прикажана на Netflix на 23 март 2023 г.

Серијата станала трета најгледана дебитантска серија на Netflix во првите четири дена од прикажувањето, а по само една недела била обновена за втора сезона. Во рок од еден месец, таа станала шестата најгледана серија на преносната платформа воопшто. Во октомври 2024 г., пред премиерата на втората сезона, серијата била обновена и за трета сезона. Втората сезона била објавена на 23 јануари 2025 г., додека третата сезона својата премиера ја имала на 19 февруари 2026 г.

Содржина Агент на ФИБ, чија задача е да дежура покрај линијата за итни случаи, добива повик што го вовлекува во заговор од огромни размери. За да ја спаси земјата, тој тргнува во лов на предавникот, истовремено штитејќи ја поранешната извршна директорка на технолошка компанија од луѓето што ги убиле нејзините тетка и тетин.

Улоги

| Гејбриел Басо | Питер Садерленд |- | Лусијан Бјуканан | Роуз Ларкин |- | Фола Еванс-Акингбола | Челси Арингтон |- | Сара Дежарден | Меди Редфилд |- | Ив Харлоу | Елен |- | Финикс Раеи | Дејл |- | Енрике Мурсијано | Бен Алмора |- | Ди-Би Вудсајд | Ерик Манкс |- | Хонг Чау | Дајана Фар |- | Ариен Манди | Нур Тахери |- | Луис Хертум | Џејкоб Монро |- | Берто Колон | Соломон Вега |- | Кеон Александер | Џавад |- | Мајкл Маларки | Маркус Дарган |- | Аманда Ворен | Кетрин Вивер

Епизоди

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Американски телевизиски серии Категорија:Телевизиски серии на англиски јазик Категорија:Американски телевизиски трилери Категорија:Оригинални програми на Netflix