Сензорната атаксија е воедно симптом и знак во неврологијата. Таа е облик на атаксија (губење на координацијата) предизвикана не од церебеларна дисфункција, туку од губење на сензорниот влезен сигнал во контролата на движењето.

Сензорната атаксија се разликува од атаксијата на малиот мозок по присуството на речиси нормална координација кога движењето е визуелно набљудувано од страна на пациентот, но изразено со влошување на координацијата кога очите се затворени, што укажува на позитивен Ромбергов знак.

При сензорната атаксија, исто така, не се јавуваат поврзаните карактеристики на атаксијата на малиот мозок, како што се пендуларни тетивни рефлекси, скенирачка дизартрија, нистагмус и прекинати движења на очите.

Пациентите со сензорна атаксија често покажуваат псевдоатетоза и позитивен Ромбергов знак. Чест симптом е губење на рамнотежата во темница.

Причини Сензорната атаксија може да се јави поради сензорни периферни невропатии и поради состојби што предизвикуваат дисфункција на дорзалните колони на 'рбетниот мозок поради различни нарушувања, меѓу кои спаѓаат заразни, автоимуни, метаболни, токсични, васкуларни и наследни заболувања.

Наводи

Категорија:Медицински знаци