Детска градинка „Малото Славејче“ - Моноспитово ― детска градинка што се наоѓа во струмичкото село Моноспитово, Македонија. Градинката работи како објект во склоп на ЈОУДГ „Среќни Насмевки“ - Босилово.
Местоположба
Градинката се наоѓа во училишниот двор на ОУ „Борис Трајковски“ во селото Моноспитово.
Историја
Градинката била отворена во 2017 година и најпрвин работела во склоп на детската градинка „Прва радост“ од Василево. Капацитетот на градинката изнесува 40 деца.
Наводи
Категорија:Детски градинки во Македонија Категорија:Моноспитово