Тегавеста змијоглавка () — вид од родот Змијоглавки е по потекло од западна и јужна Европа (од јужна Англија на југ до Иберија и на исток до Крим), северна Африка и југозападна Азија (на исток до Грузија). Исто така, е воведен во Австралија, Јужна Африка и САД, каде што е инвазивен плевел. Поради високата концентрација на пиролизидински алкалоиди, е отровен за добитокот што пасат, особено за оние со едноставен дигестивен систем, како што се коњите. мини|Во Аделаида, Јужна Австралија Расте покрај патишта, ниви, ливади, по брдските пасишта до 600–700 м.

Опис Ова е зимско едногодишно растение кое расте до 20-60 см. високо, со груби, влакнести, копјести листови до 14см долги.Blamey, M. & C. Grey-Wilson. Flora of Britain and Northern Europe. 1989.

Растението е со едно или повеќе цветни гранчиња, се четинести влакна што дополу или целосно стрчат поставени на брадавичести израстоци. Базалните листови 5 –14 см долги, 1–2 см широки јајцевидни или лопатовидни во основата стеснети во покуси или подолги дршки. Стеблените листови до помали димензии, елиптични или долгнавесто ланцентни, присегнати, со срцевидната основа го опфаќаат стеблото. Сите листови од двете страни препокриени со прилегнати - четинести влакна поставени на брадавичести израстоци. Цветовите се со куса дршка, собрани во куси главичести спровидно свиткани соцветија кои по прецветуваето се издолжуваат. Цветовите се виолетови, 15–20 мм долги, со сите испакнати прашници и поставени на разгранет шилец. Чашката 6–9 мм долга со 5 линејни или линејно - ланцентни, ресички нееднакви чашкини сегменти. Венчето (18) 20– 25 (30) мм долго, сино, синовиолетово или понекогаш пурпурноцрвено, инковидно. прашниците со синовиолетови долги филаменти обично по 3 прашника излегуваат надвор од венчето. Стлпчето излегува надвор од венчето, на врвот е дводелно. Оревчињата околу 2,5 мм долги, триаголно јајцевидни, во врвниот дел со кус клуновиден дел, со брадавичести израстоци.Владо Матевски: Флора на Република Македонија, том II, св. 1, стр. 114, издавач: МАНУ, Скопје, 2010

Таксономија Латинското име на родот потекнува од грчкиот збор ekhis, што значи змија (вид змија), веројатно поради семките што личат на глава на змија или разгранувањето на крајот од тенкиот цветен стил што личи на јазик на змија. Се тврди дека корените на растението, кога се јадат со вино, обезбедуваат народен лек за каснување од змија. Латинскиот видов епитет plantagineum се однесува на листовите на растението, кои се слични на оние на тегавецот.W. T. Parsons, William Thomas Parsons and E. G. Cuthbertson

Инвазивни видови Тегавестата змијоглавка станала инвазивен вид во Австралија, каде што е познат и како Salvation Jane (особено во Јужна Австралија), сина трева, трева Лејди Кемпбел, Патерсонова клетва и ѕвонче од Риверина.Lewis Kahn and David Cottle (editors)

Во Соединетите Американски Држави, видот е одомаќинет во делови од Калифорнија, Орегон и некои источни држави и области како што е северен Мичиген. Во Орегон, е прогласен за штетен плевел.

Токсичност Тегавестата змијоглабка содржи пиролизидински алкалоиди, кои се отровни за животните што пасат, особено за непреживарите.The MERCK Veterinary Manual, Table 5 D. Jesse Wagstaff Кога се јаде во големи количини, предизвикува намалена тежина на добитокот, а во тешки случаи и смрт, поради оштетување на црниот дроб. Растението ако се конзумира може да убие коњи, и да ги иритира вимето на млечните крави и кожата на луѓето.

По пожарите во Канбера во 2003 г. се случило големо цветање на растението, а многу коњи се разболеле и умреле од пасење на растението. Бидејќи алкалоидите може да се најдат и во нектарот на самото растение, медот направен од него треба да се измеша со други видови мед за да се разредат токсините. Живеалиште и распространетост во Македонија Растението во Република Македонија е забележано во: Битола – с. Скочивир, (В.М), Валандово – с. Органџли (К.М), Богданци – Паљурци (К.М, К.П), Гевгелија – с. Стојаково (К.М), Струмица – с. Иловица (В.М). Се посочува и за јужните делови на Беласица,Вељуса, Банско (Стојанов, 1921, Рудски, 1943, Сошка, 1953), Гевгелија – Коњска Река (Јуришиќ, 1923), Дојран, Богданци (Bornmüller, 1928, 1932; Мицевски, 1956; Матвејева, 1958) Наводи

Надворешни врски

Категорија:Змијоглавка Категорија:Флора на Европа Категорија:Флора на Азија Категорија:Флора на Африка Категорија:Флора на Македонија Категорија:Отровни растенија Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј