Јанчишта (, Агиос Георгиос; до 1926 година: Γιάντσιστα, Јанциста,Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Γιάντσιστα -- Γιάνισσα до 1940 година: Γιάννισσα или Γιάννισα, ЃанисаΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Γιάννισσα -- Άγιος Γεώργιος) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Бер, во Централна Македонија, Грција.
Јанчишта е седиште на архијерејското намесништво Добра на Берската, Негушката и Камбаниската епархија на Грчката Православна Црква.
Географија и местоположба
Селото е оддалечено околу 12 километри северозападно од градот Бер и исто толку југоисточно од градот Негуш, на надморска височина од 55 метри. Површината на селскиот атар изнесува 19 квадратни километри.
Селото се наоѓа во Солунското Поле.
Историја
Селото е доста старо и во минатото било чисто македонско.
Селото настрадало од нападите на грчките андарти за време на грчката вооружена пропаганда. Пред февруари 1906 година, жителите на селото добиле заструшувачко писмо од капетанот Костас Акритас.
Селото во 1935 година било поплавено и преместено три километри на запад, поради што го земало и името на црквата „Св. Ѓорѓи“ од старото село.
Потекло и значење на името
Селото е споменато во грамота на Стефан Душан од 1349 година како „Јанчишта“. Името веројатно настанало со додавање на патронимот -ишти на личното име Јанко.Дуриданов, Иван. Значението на топонимията за етническата принадлежност на македонските говори. во: Лингвистични студии за Македония, София, МНИ, 1996, стр. 179 - 180 и 185. Оваа теорија ја има дадено бугарскиот академик Иван Дуриданов.
Селото било преименувано двапати. Најпрвин го носело името Јанциста (Γιάντσιστα). По пристигнувањето на бегалските семејства, во 1926 година селото било преименувано во Ѓаниса (Γιάννισα) и ова име го носело до 1940 година. Последното преименување се случило во 1950 година, кога станало Агиос Георгиос (Άγιος Γεώργιος).
Стопанство
Селото е доста богато, бидејќи се наоѓа во самото Солунско Поле, а земјата е многу плодна и дава високи приноси. Благодарение на системот за наводнување, тука се произведуваат големи количества овошје (праски и јаболка), но и други земјоделски производи. Воедно, во поново време, селото е особено познато по производството на пиперки.
Население
Во 1900 година според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во селото живееле 320 Македонци христијани.К’нчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 145. По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Јанчишта (Yantchista) имало 432 жители.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 222-223. Во селото постоело егзархиско училиште каде предавал учителот Тодор Стојанчев од Штип.Галчев, Илия. „Българската просвета в Солунския вилает“, УИ, София, 2005, стр. 412
Во 1910 година во Јанчишта (Γιάντσιστα) имало 325 жители.Αθανάσιος Χαλκιόπουλος, Εθνολογική στατιστική των βιλαετίων Θεσσαλονίκης και Μοναστηρίου, Αθήναι 1910. Цитирано по: Δημήτρης Λιθοξόου. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βέροιας, 1886 - 1927
Во 1913 година, селото е забележано со 311 жители, а во 1920 година со 353 жители. По 1923 година, како и во другите берски села, биле сместени и 131 бегалско семејство со вкупно 483 бегалци. Поради што селото станало мешана населба, која во 1928 година имало 858 жители. Во 1940 година имало 1.007, во 1951 година 1.152, во 1961 година 1.452, во 1971 година 1.364, во 1981 година 1.448, а во 1991 година 1.472 жители.
Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 1.682 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 1.763 жители.
Самоуправа и политика
Селото припаѓа на општинската единица Добра со седиште во селото во Јанчишта, која припаѓа на поголемата општина Бер, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Јанчишта, во кој единствено село е Јанчишта.
Културни и природни знаменитости
Цркви Црква „Св. Атанасиј“ — главна селска црква од XIX век, прогласена за споменик на културата
Наводи
Белешки
Категорија:Бер (општина)