Перминерализација — процес на фосилизација на коските и ткивата во кој минерални наслаги формираат внатрешни калапи на организмите. Носени од водата, овие минерали ги исполнуваат празнините во органското ткиво. Поради природата на калапите, перминерализацијата е особено корисна во проучување на внатрешните структури на организмите, обично на растенијата.Mani, K. (1996). Permineralization Retrieved March 29, 2009, from Fossils: A window to the past. Web site: http://www.ucmp.berkeley.edu/paleo/fossils/permin.html
Процес Перминерализацијата, e вид на фосилизација која претставува таложење на минерали во клетките на организмите. Водата од земјата, езерата или океаните се впива во порите на органското ткиво и формира кристален калап со таложени минерали. Кристалите почнуваат да се формираат во порозните клеточни ѕидови. Овој процес продолжува на внатрешната површина на ѕидовите сè додека централната празнина на клетката, луменот, не се наполни целосно. Самите клеточни ѕидови остануваат недопрени околу кристалите.Loren E. Babcock, "Permineralization", in AccessScience@McGraw-Hill, http://www.accessscience.com,
Силикификација При силицификацијата, распаѓањето на карпите ослободува силикатни минерали, а силициумот се пробива во тело од стоечка вода. На крај, водата полна со минерали ги пробива порите и клетките на некој мртов организам, каде што станува гел. Со текот на времето, гелот ќе дехидрира, формирајќи опалинска кристална структура што е внатрешен отсјај на организмот. Ова ги објаснува деталите што се наоѓаат при перминерализацијата. Силикификацијата открива информации за тоа во каков тип на средина веројатно живеел организмот. Повеќето фосили што се силицифицирани се бактерии, алги, и друг растителен свет. Силикификацијата е најчестиот вид на перминерализација.Oehler, John H., & Schopf, J. William (1971). Artificial microfossils: Experimental studies of permineralization of blue-green algae in silica. Science. 174, 1229-1231.
Карбонатна минерализација лево|мини|Топка од јаглен Карбонатната минерализација вклучува формирање на јагленови топки. Јаглените топки се фосилизации на многу различни растенија и нивните ткива. Тие често се јавуваат во присуство на морска вода или кисел тресет. Јаглените топки се варовнички перминерализации на тресет од калциум и магнезиум карбонати. Честопати сферични по форма и со маса од неколку грама до неколку стотици килограми, јагленовите топки се формираат кога вода што содржи карбонат продира во клетките на организмот. Овој тип на фосилизација дава информации за растителниот свет во карбониферниот период (пред 325 до 280 милиони години). десно|мини|Пиритизиран амонит од родот Lytoceras во Холцмаденски шкрилец
Пиритизација Овој метод ги вклучува елементите сулфур и железо. Организмите може да се пиритизираат кога се во морски седименти заситени со железни сулфиди - (пиритот е железен сулфид.) Како што се распаѓа органската материја, таа ослободува сулфид кој реагира со растворено железо во околните води. Пиритот го заменува материјалот од карбонатната обвивка поради недоволна заситеност на карбонатот во околните води. Некои растенија се пиритизираат кога се на глинест терен, но во помала мера отколку во морска средина. Некои пиритизирани фосили вклучуваат прекамбриски микрофосили, морски членконоги и растенија.Wacey, D. et al (2013) Nanoscale analysis of pyritized microfossils reveals differential heterotrophic consumption in the ~1.9-Ga Gunflint chert PNAS 110 (20) 8020-8024 Raiswell, R. (1997). A geochemical framework for the application of stable sulfur isotopes to fossil pyritization. Journal of the Geological Society 154, 343-356.
Научни импликации Перминерализираните фосили ја зачувуваат оригиналната клеточна структура, што може да им помогне на научниците да го проучуваат организмот на клеточно ниво. Овие тридимензионални фосили создаваат трајни калапи на внатрешни структури. Процесот на минерализација помага да се спречи збивање на ткивата, нарушувајќи ја вистинската големина на органите. Перминерализираниот фосил, исто така, ќе открие многу за околината на организмот и супстанциите што се наоѓаат во него, бидејќи ги зачувува меките делови од телото. Ова им помага на истражувачите да ги истражуваат растенијата, животните и микробите од различни периоди.
Примери за перминерализација мини|Полиран дел од скаменето дрво на кој се прикажани годишни прстени.
Повеќето коски на диносауруси се перминерализирани. Скаменето дрво: Перминерализацијата е првиот чекор во петрификацијата. При петрификацијата, клеточните ѕидови на целулозата се целосно заменети со минерали. Некои примери за мекотелесна пиритизација се Бичеровото трилобитно легло (ордовик) и Хунсриковиот шкрилец (девон)
Наводи
Категорија:Геолошки процеси