„Некој сепак ме чека“ (српски: Неко ме ипак чека) – филм на режисерот Марко Новаковиќ од 2009 година. Автор на сценариото е Душко Премовиќ, а главните улоги ги играат: Аница Добра, Нада Шаргин, Мирјана Карановиќ, Душанка Стојановиќ, Марија Вицковиќ, Љиљана Стјепановиќ, Танасије Узуновиќ, Љубомир Бандовиќ, Елизабета Ѓоревска, Дубравко Јовановиќ, Александар Ѓурица и Александра Николиќ.Неко ме ипак чека (пристапено на 21.2.2026)

Синопсис Филмот се состои од три поврзани приказни: во првата („Ходник“), Вања и Дара, жени со различен социјален статус, се среќаваат во ходникот на клиниката додека чекаат за абортус. Оваа неочекивана средба раѓа низа прашања кај нив и ги наведува добро да ја преиспитаат својата одлука. Во втората приказна („Пат“), која се одвива во селска средина некаде во Србија, мајката ја води ќерката кај лекарот кој живее сам во еден вагон во кој извршува тајни абортуси. Патем трае судирот меѓу традиционалниот став на мајката против вонбрачната бременост и желбата на ќерката да го роди бебето. Во третата приказна („Вода“), во затворската ќелија, младата Нада се присетува на трагичниет настани кои ја натерале да го убие цвојот маж. Во клиниката во која ја носи полициското возило за да изврши абортус, таа среќава некого кого воопшто не го очекувала...

Наводи

Категорија:Српски филмови Категорија:Филмови на српски јазик Категорија:Филмови од 2009 година Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Србија Категорија:Филмови на Марко Новаковиќ Категорија:Филмови со Аница Добра Категорија:Филмови со Нада Шаргин Категорија:Филмови со Мирјана Карановиќ Категорија:Филмови со Душанка Стојановиќ Категорија:Филмови со Марија Вицковиќ Категорија:Филмови со Танасије Узуновиќ Категорија:Филмови со Елизабета Ѓоревска Категорија:Филмови со Александра Николиќ Категорија:Филмови со Александар Ѓурица Категорија:Филмови со Дубравко Јовановиќ Категорија:Филмови со Љубомир Бандовиќ Категорија:Филмови со Љиљана Стјепановиќ