Мал Алабор (, Кидонија; книжевно: Κυδωνέα, Кидонеја, до 1953 г.: Μικρό Αλάμπορο, Микро АламбороΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μικρό Αλάμπορο -- Κυδωνέα) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Гида, во Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на околу триесетина километри североисточно од градот Бер, а помалку од 40 километри западно од Солун, а крај самата железничка пруга, на надморска височина од 3 метри.
Сместено е во областа Урумлак, југоисточно од градот Гида.
Историја
К’нчов и Бранков, за разлика од другите населени места кои биле населени со грчко население, селото го водат како македонско со 165 жители, но изгледа се работело за македонско погрчено население.
По Првата светска војна, во 1922 година во селото биле населени грчки бегалци. Во 1928 година, Мал Алабор била мешана населба со 10 бегалски семејства со вкупно 36 жители..
Во 1953 година селото е преименувано во Кидонија (Κυδωνιά).
Стопанство
Населението произведува големи количества памук, грав, пченица, а дел се занимава и со овоштарство. Земјиштето се наводнува и дава високи приноси. Поради ограничените пасишта, сточарството е слабо развиено.
Население
Во 1900 година според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во Мал Алабор, Берска Каза, живееле 165 Македонци христијани.К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 145. По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Мал Алабор (Malko-Alabor) живееле 165 Македонци.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 222-223.
Во 1913 година било попишано со 139, во 1920 година со 175, а во 1928 година со 190, од кои само тројца бегалци. Во 1940 година имало 242, во 1951 година 272, во 1961 година 275, во 1971 година 260, во 1981 година 240, а во 1991 година 222 жители.
Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 253 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 213 жител.
Самоуправа и политика
Селото припаѓа на општинската единица Плати со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Гида, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Голем Алабор, во кој покрај Мал Алабор влегуваат и селата Голем Алабор и Мало Нишел.
Наводи
Белешки
Категорија:Гида