мини|226x226пкс|Четирите положби што можат да настанат како последица на рокада: забележете дека во сите случаи кралот се поместува за две полиња од „e-линијата“. Рокада ( — „топ“) — конкретен потег во шахот, кој се состои од хоризонтално поместување на кралот кон сопствениот топ за две полиња, по што топот се префрла на соседното поле до кралот, од неговата спротивна страна. Секоја страна може да направи само една рокада во текот на една партија.

Целта на рокадата е со еден потег значително да се промени положбата на кралот (преместувајќи го на побезбедно место), додека истовремено на средишните линии се изнесува силна фигура — топот.

Опис на потегот Рокада е двоен потег што го изведуваат кралот и топот, под услов претходно ниту еднаш да не биле поместувани.

Прво, кралот прави потег за две полиња во насока кон топот. Потоа, топот се префрла преку кралот и се поставува на следното поле до него.

Рокадата се смета за еден потег, иако се поместуваат две фигури. Некои книги за почетници ја опишуваат рокадата како „топот се доближува до кралот, а кралот го прескокнува“ — така навистина е полесно да се научи овој двоен потег. Како и да е, правилото „пипнато-играно“ налага рокадата да се започне токму со кралот, бидејќи неговото поместување за две полиња одеднаш не може да се пролкува никако поинаку освен како почеток на рокада.

Рокадата е можна во две насоки: кон кралското крило (мала рокада) и кон дамското крило (голема рокада). При мала рокада, кралот завршува на почетната положба на коњот, а топот на положбата на кралскиот ловец. При голема рокада, кралот завршува на положбата на дамскиот ловец, а топот на почетната положба на кралицата.

Услови за обична рокада Во правилата на ФИДЕ се подробно опишани условите за рокада.

Рокадата е трајно оневозможена: ако кралот во текот на партијата веќе направил некаков потег (вклучувајќи и претходна рокада); ако топот со кој сакате да направите рокада веќе се поместил од своето почетно поле.

Рокадата е привремено оневозможена: ако кралот во моментот се наоѓа под шах; ако кралот при рокадата треба да помине преку поле што е под удар или ако по рокадата заврши на поле под шах;http://chessdeti.ru/articles/obuchenie-shahmatam/urok-11-shahmatnaja-rokirovka.html Правила рокировки ако помеѓу кралот и топот се наоѓа друга фигура (било своја или противничка).

Рокадата е дозволена (иако љубителите често грешат тука): ако топот е под напад, а кралот не е (во 1974 г., велемајсторот Виктор Корчној дури го прашал судијата за потврда на ова правило среде партија); ако кралот претходно бил под шах, но нападот е неутрализиран (со заштита или со земање на противничката фигура) без притоа кралот да се помрдне од своето место. ако топот при голема рокада (на дамското крило) поминува преку полето b1 (за белите) или b8 (за црните), кое е под удар, бидејќи кралот не поминува преку тоа поле.

Наводи

Надворешни врски "Mate by Castling" game collection at Chessgames.com

Категорија:Шаховска тактика Категорија:Шаховски поими