Леон Скот Кенеди (, ) — измислен лик од серијалот видеоигри Resident Evil на компанијата Capcom. Тој е главниот лик во вториот, четвртиот, шестиот и деветтиот дел од серијалот.
За време на настаните во Resident Evil 2, Леон е полицаец новак што со задоцнување пристигнува во Ракун Сити на својот прв работен ден. Шест години подоцна, во Resident Evil 4, Леон се враќа како таен агент на американската влада, испратен во Шпанија за да ја спаси ќерката на претседателот на САД, која е одвлечкана на пат кон дома од факултет.
Леон исто така е главен лик во повеќе други игри и ги има главните улоги во три анимирани филмови — Resident Evil: Degeneration, Resident Evil: Damnation и една од водечките улоги во Притаено зло: Вендета. Што се однесува до играните филмови од серијалот, Леон Кенеди се појавува во петтиот дел, Притаено зло: Одмазда, кој излегол на 14 септември 2012 г., а неговиот лик го толкува глумецот Јохан Урб.
Создавање и развој Ликот на Леон бил создаден од страна на Хидеки Камија како спротивност на Крис Редфилд, главниот лик на изворниот Resident Evil. Дизајнерот го сметал Крис за „груб и цврст тип“, и иако првично му се допаѓал таквиот карактер, со текот на развојот на новата игра одлучил да го промени концептот за Леон. Камија признал дека бил изненаден од популарноста на Леон, особено по неговата преобразба во „фраер што изгледа премногу јак“ во Resident Evil 4.
Леон Кенеди бил замислен за Resident Evil 2 затоа што екипата сакала нов лик што нема претходно искуство во застрашувачки ситуации. Првично, тој требало да биде искусен полициски офицер, но по преработувањето на првичната верзија на играта (позната како Resident Evil 1.5), ликот бил променет во полицаец новак што штотуку стапува на должност.
Во ноември 2002 г., Леон бил потврден како главен лик во четвртиот дел. Според раните верзии на играта (т.н. „fog version“), тој требало да биде заразен со вирусот „Прародител“ (англ. Progenitor), што би му дало скриена моќ во левата рака. Овој концепт подоцна бил проширен, пред да се стигне до крајната верзија каде тој е поздрав и „поцврст, но истовремено и посмирен“.
Понатамошен развој и појавувања Лицето на Леон во Resident Evil 4 било моделирано според Кристијан Дуре. Продуцентот на Resident Evil 6, Хиројуки Кобајаши, толку многу го ценел ликот што настојувал тој да го заземе централното место во приказната, нарекувајќи го „главниот меѓу главните јунаци“. Гласовна изведба и модели Во изворниот Resident Evil 2, гласот на Леон го позајмува Пол Хадад. Во Resident Evil 4, Degeneration и The Darkside Chronicles, гласот му го позајмува Пол Мерсие. Во јапонската реклама за RE2, ликот го игра Бред Ренфро. За потребите на преработките на Resident Evil 2 (2019) и Resident Evil 4 (2023), физичкиот изглед на Леон е моделиран според романскиот манекен Едуард Бадалута.
Наводи
Категорија:Ликови од Resident Evil Категорија:Измислени ликови