мини|Голем број на игри од овој тип Друштвените игри претставуваат вид игра во која учесниците поместуваат или поставуваат фигури, жетони или бројачи на однапред одредена површина, следејќи утврдени правила. Дел од овие игри се темелат исклучиво на стратегија, многу од нив вклучуваат и фактор на случајност, додека кај некои исходот главно зависи од среќата, без значителна улога на вештина или знаење.
Резбани обоени камења биле пронајдени на гробиштата Башур Хојук во југоисточна Турција, кои датираат од пред околу 5.000 години. Ова се најстарите остатоци од игри пронајдени досега. Слични остатоци се пронајдени во Сирија и Ирак, што укажува дека друштвените игри потекнуваат од Плодната Полумесечина, позната како „лулка на цивилизацијата“.
Други игри со коцки од рано потекло биле создадени со боење на една страна од рамни стапчиња. Овие стапчиња се фрлале истовремено, а вкупниот број на обоени стапчиња го означувал добитокот. Коцките од древна Месопотамија биле изработувани од различни материјали, вклучувајќи издлабени зглобни коски, дрво, обоен камен и школки.
Коцките се изработувале и од други материјали како што се месинг, бакар, слонова коска и мермер. Коцките од римската ера изгледаат многу слично на шестстраните коцки што се користат денес. Постоеле и коцки со засечени агли, што нуделе различни можности.
Историја
Антички друштвени игри Друштвените игри се играле во повеќето култури и општества низ историјата. Тие биле особено популарни во стар Египет. Една од најраните игри била Сенет, пронајдена во гробниците од првата египетска династија. Во периодот на Новото Кралство (1550–1077 пр. н.е.), Сенет добила и симболично значење како талисман за патувањето на мртвите.
Бидејќи првично биле омилена забава на благородниците и кралевите, со текот на времето друштвените игри ги прифатиле и обичните луѓе. Подоцна се појавиле и игри поврзани со религијата, како Мехен, која го претставувала истоименото божество во облик на огромна змија.
Многу познати игри потекнуваат од древни цивилизации: Бекгемон од Персија, Го и Лиубо од Кина, схак од Сомалија, бао од Источна Африка и патоли од Мезоамерика. Исто така, Кралската игра Ур била пронајдена во кралските гробници на Ур во Месопотамија и потекнува од пред околу 4.600 години.
Соединетите Американски Држави алт=The Mansion of Happiness (1843)|мини|Куќата на среќата (1843) За време на колонијалниот период во Америка во 17. и 18. век, куглањето и игрите со карти биле речиси непознати. Пуританците и аџиите не го одобрувале играњето игри, а коцките ги сметале за „инструменти на ѓаволот“. Во 1622 година гувернерот Вилијам Бредфорд укорил група луѓе кои на Божиќ играле игра слична на бејзбол и други игри на улица, одземајќи им ја опремата и советувајќи ги да се вратат во своите домови.
Меѓу најраните друштвени игри што се појавиле во САД биле засновани на христијански морал.
Друштвени игри во 20 век По Втората светска војна, во Германија луѓето од мали нозе биле учени дека директниот конфликт е лоша работа. Ова довело до појава на нов вид друштвена игра во 1960-тите, игрите во германски стил, сега познати како игри во евростил. Ова биле игри што им нуделе на играчите подлабоки стратешки одлуки без директен конфликт и интеракција, но со многу послабо тематско искуство од воените игри.
Кон крајот на 1990-тите години се забележува значителен раст на пазарот на друштвени игри. Исто така, благодарение на Интернетот, тие стануваат сè попопуларни и кај постарата и кај помладата популација.
Друштвени игри во 21 век Во текот на 2.000 години, индустријата за друштвени игри создала голем број игри кои подоцна биле продадени на поширока публика низ целиот свет.
Влијание на друштвените игри Покрај забавата, друштвените игри ги зближуваат луѓето во активности што вклучуваат и натпревар и соработка. Она што е важно и заедничко за сите друштвени игри е тоа што тие нудат многу повеќе од само забава. Покрај тоа, овие игри имаат позитивно влијание врз општото психофизичко здравје, без оглед на возраста на играчот. Тие се моќна алатка за стекнување знаење и развивање бројни вештини. Една многу важна вештина што ја промовира играњето друштвени игри е развојот на емпатија.
Позитивни страни на играње друштвени игри: Развој на критичко мислење Самосталност Намален ризик од ментални заболувања Терапијско дејство
Наводи
Литература
Категорија:Игри на табла Категорија:Групни игри