Corydalis ochroleuca — вид цветно растение од семејството афиони. Потекнува од карпести шумски области во Јужна и Источна Европа. Пренесена е во делови од Западна Европа.
Некои експерти денес го наведуваат ова растение како Pseudofumaria alba. Промената на името на родот се основа на наодот дека морфолошките карактеристики на ова растение не се поврзани со карактеристиките на другите видови во родот, што е потврдено со ДНК тестирање. Промената на специфичниот епитет во alba што значи бело се основа на наодот дека името alba очигледно му било доделено на ова растение пред ochroleuca.
Опис
Тоа е повеќегодишно тревесто растение, вертикално, кое е високо 40 см, силно разгрането од основата. Стебленцата се вертикални со многубројни листови. Листовите се сивкави по боја, 2-3 пати перести, клинесто обратноовални и делумно тројни. Лисните дршки се долги, во основата со тесен крилесто проширен раб. Цветовите се во густи гроздести соцветија со 14-20 на број, прицветниците се издолжени, копјести, скоро линејни, целокрајни. Цветовите имаат должина од 10–15 mm и се бледожолти. Чашкините ливчиња имаат должина од 2–3 mm, тие се назабени со ситни запци, а најдолните запци се најдолги. Шпората е торбесто подуена, свиена надолу и четири пати помала од останатиот дел на венчето. Плодот е вертикален, со должина околу 1 см. Тој столпчето отпаѓа. Семките се црни, матови или светликави.
Распространетост Се среќава по варовнички камењари, карпи и сипари во клисурите и планините. Ова растение е со ограничено распространување. Главно се среќава во западните и централните делови.
Варијабилност subsp. ochroleuca - Прицветниците се помали од 1/3 од должината на цветната дршка. Семките се брадавичести и матови. Не се среќава на територијата на Македонија. subsp. leiosperma - Прицветниците се поголеми од 1/3 од должината на цветната дршка, а понекогаш дури и подолги од неа. Семките се глатки или скоро со незабележливи набори, светликави. Распространета е на клисурата на река Радика, клисурата на Црн Дрим кај село Луково, клисурата на Мавровска Река и Калишта. Се посочува за Св. Заум кај Охрид.
Наводи
Категорија:Афиони Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа