Зинаида Петровна Ботчанцева (10 октомври 1907 година – 17 август 1973 година) била советска и руска ботаничарка, цитолог, ембриолог и професорка на Универзитетот во Ташкент.

Ботчанцева потекнувала од големо козачко семејство. Во 1930 година дипломирала биологија на Националниот универзитет во Узбекистан. Во периодот 1930-1933 година учествувала во експедиции за проучување на флората на Централна Азија. Нејзин истражувачки советник бил Алексеј Иванович Введенски.

Ботчанцева го спровела своето истражување на Националниот универзитет во Узбекистан, каде станала професорка во 1966 година. Нејзините главни истражувачки интереси биле морфологијата, цитологијата и биологијата на дивите растенија, најмногу на лалињата, што подоцна ја направиле пионер во оваа област. Била раководител на одделенијата за биологија и цитологија на Ботаничката градина на Академијата на науките на Узбекистан. Била авторка на повеќе од 50 научни трудови. Во 1960 година ја одбранила својата докторска теза на тема Морфологија, цитологија и биологија на лалињата. Нејзината дисертација била вклучена во монографија што била објавена во 1962 година. Книгата била богата со материјал за дивите лалиња од Централна Азија и Кавказ. Ова извонредно дело било повторно издадено во 1981 година во Холандија и било преведено на англиски јазик во 1982 година.

Таа опишала 6 нови видови лалиња од различни региони на Централна Азија:

Tulipa vvedenskyi Botschantz. Tulipa affinis Botschantz. Tulipa butkovii Botschantz. Tulipa anadroma Botschantz. Tulipa tschimganica Botschantz. Tulipa uzbekistanica Botschantz. & Sharipov

Ботаничарот Виктор Бочанцев бил помлад брат на Бочанцева. Таа била одликувана со Лениновиот орден и со Орденот на Црвеното знаме на трудот. Била погребана на Боткинските гробишта во Ташкент.

Дела

Растенија именувани по неа

Tulipa zenaidae Vved. Tulipa botschantzevae SNAbramova & Zakalyabina. Iris zenaidae (Введ.)

Наводи

Категорија:Ботаничари со авторски кратенки Категорија:Носители на Орденот на Црвеното знаме на трудот Категорија:Носители на Орденот на Ленин Категорија:Починати во 1973 година Категорија:Родени во 1907 година Категорија:Советски ботаничари