1777 Знамето на САД со 13 црвено-бели ленти и 13 ѕвезди на сино поле во горниот лев агол е усвоено од Конгресот на САД. 1789 Виски дестилирано од пченка за првпат е произведено од американскиот свештеник Елаја Крејг. Го нарекле Бурбон по местото на настанување: областа Бурбон во Кентаки. 1800 Наполеон Бонапарт на чело на француската војска ги победи австриските трупи кај италијанското село Маренго и повторно ја освои Италија. 1940 Група од 728 полски политчки затвореници од Тарнув стануваат првите жители на концентрациониот логор Аушвиц. 1941 СССР извршил масовна депортација и убиства на Естонци, Литванци и Летонци од нивните домови. 1962 Во Париз, е основана Европската организација за истражување на вселената, подоцна преименувана во Европска вселенска агенција. 1982 Германија, Франција, Белгија, Холандија и Луксембург го склучиле Шенгенскиот договор. 1985 Фолкландската војна завршила со безусловно предавање на аргентинските сили на британците. 1993 Тансу Чилер стана прва жена премиер во историјата на Турција. 1996 Во Скопје е отворен Британскиот информативен центар. 14 јуни
Źródło i licencja
Na podstawie: Wikipedia — 14 јуни (настани) · historia autorów.
Tekst: CC BY-SA 4.0.
Informacja o opracowaniu
Usunięto składnię wiki i szablony; dłuższe teksty skrócono.