Сунгурларе — град во Југоисточна Бугарија, административен центар на истоименета општина во Бургаската Област. Има население од околу 3.553 жители (2022).Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.

Географија и местоположба Градот е сместен во истоимената Сунгурларска Долина, во подножјето на Стара Планина, околу 81 км западно-северозападно од регионалниот центар Бургас и 336 км источно од главниот град Софија. Градот е значаен центар на винарство во државата, со силни традиции во производството на вино. Музеј посветен на лозарството и винарството бил отворен во 1984 година, сместен во куќата на богати локални винари, изградена во 1882 година.

Историја Градот е спомнат во Отомански дефтери во XVI век под името Сјонгурларе и Сонгулар. Во тоа време градот имало претежно турско население. За време на Руско-турската војна, руската војска поминала низ градот околу јануари 1878 година. После основањето на Кнежевство Бугарија, 20 семејства од Котелско и Нејково се иселиле во реонот. Додека турското население се иселило во Источна Тракија.

Во 1884 година, Константин Иречек истакнал дека селото имало 272 куќи. Во 1882 година било основано првото селско читалиште и во 1886 година се отворило првото основно училиште „Св. Кирил и Методиј“. Во 1920-тите четници од ВМРО (Автономисти) дејствувале во градот. Во 1927 година била отворена банката „Сунгурларска Долина“

За време на Втората светска војна, во градот партизанското движење на БКП било слабо развиено. На 9 септември 1944 година, било основана нова власт предводена од Татковинскиот фронт. На 4 септември 1974 година населбата е прогласена за град. Во 1984 година била отворена и музејска збирка за лозарство и винарство.

Наводи

Надворешни врски Мрежно место на оштина Сунгурларе

Категорија:Градови во Бугарија Категорија:Населени места во областа Бургас