Попово — град во Североисточна Бугарија, административен центар на истоименета општина во Трговишката Област. Има население од околу 14.144 жители (2022).Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.
Географија Попово се наоѓа во североисточниот дел на Бугарија, во средишниот дел на Дунавската Рамнина. Градот е сместен во долината на реката Поповска, која е притока на Черни Лом. Теренот околу градот е ридски и се одликува со типични предели за овој дел од државата. Попово е значаен сообраќаен јазол, бидејќи низ него минува важната железничка линија Софија – Варна, што го прави клучна точка за поврзување во североисточниот регион.
Историја Во атарот на градот се наоѓаат три праисториски населби. Според археолошко истражување биле откриени остатоци од средновековна населба во околијата, најверојатно во времето на Првото Бугарско Царство.Дремсизова-Нелчинова. 1991: 59 – 60.
Во Отомански дефтер од 1524 година, денешниот град е именуван како Евренос или Кулфал Факих.Цонев, С. 2011: 6. Повторно било спомнато во 1555 година со истите имиња. Градот го носело името на најголемиот земјопоседник Евренос-бег.Ковачев, Р. 1999: 31 – 32. Во тоа време било дел од Никополскиот санџак, како населба во Разградската каза. Во 1573 година населбета била наведена под името Поп Алаѓоз.Цонев, С. 2011: 6. Околу XIX век го добило името Попќој („Попово село“). Исто било познато како Кара Лом.
После основањето на Кнежевството Бугарија, Попово било масовно урбанизирано. Во XIX век градот станал значаен поради нејзината местополжба во железничката пруга Софија-Варна. Во XX век се развиле градските образовни институции.
Литература Дремсизова-Нелчинова, Цв., Г. Гинев, Ил. Ангелова, А. Конаклиев. Археологически паметници в Търговищкия район. С., 1991. Цонев, С. Садине – с друго име Раклум... В: „Местен вестник“, бр. 29, 11 ноември 2011, 6. Ковачев, Р. Селища и население в Поповския регион според новопостъпили османотурски регистри от първата половина на XV век. – В: Попово в миналото – 3. Етнокултурни и демографски процеси (XV-XX век). Разград, 1999, 21 – 34.
Наводи
Надворешни врски Мрежно место на Општина Попово
Категорија:Градови во Бугарија Категорија:Населени места во областа Трговиште