Марјан Димитров (р. во Кавадарци) — македонски радио и телевизиски новинар. Главен и одговорен уредник на порталот РТК.мк.

Животопис Марјан Димитров е роден во Кавадарци, на 17 септември 1957 година. Дипломира на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.

Својата новинарска кариера ја започнал во Радио Кавадарци, како новинар, каде бил дел од добро познатата „Кавадаречка династија” заедно со Љупчо Бубо Каров. Потоа се вработува во Телевизија Тиквешија, каде бил главен и одговорен уредник и водител на вести, емисиите: „Отворено за…", „За нас" и документарни емисии. Во ТВ Тиквешија работел до затворањето на телевизијата во 2015 година.

Во 2015 година, го оформува порталот РТК.мк, каде е портал за Тиквешијата и главен и одговорен уредник. Во период од 2021 до 2025 година, ја снимал емисијата „Отворено за…" во продукција на РТК.мк, каде се емитуваше на КТВ Телевизија.

Надворешни врски www.rtk.mk

Категорија:Македонски новинари Категорија:Македонски водители