Нана (, ) — шоџо-манга од авторката Аи Јазава, која излегувала во списанието Cookie на издавачката куќа Shueisha. Била адаптирана во аниме и два играни филма. Според анкетата спроведена во 2007 г. од страна на Министерството за култура на Јапонија, мангата го зазела 50-то место меѓу најдобрите манги на сите времиња.

Прикажувањето на анимето се одвивало од 5 април 2006 до 29 март 2007 г. Во него се екранизирани 42 поглавја од мангата.

Содржина Во вагонот на еден воз што патувал за Токио, Нана Комацу, која одела кај својот дечко Шоџи, случајно седнала на седиштето до Нана Осаки, која пак се упатила кон престолнината за да ја оствари својата желба — да стане позната пејачка. Како вокалист на панк-групата „Blast“, Осаки сонува за деби на својата група во Токио, со цел да си докаже себеси, на целиот свет, но и на својот дечко Рен (гитарист на популарната група „Trapnest“), дека може самата да постигне успех.

Бидејќи се соименички, девојките брзо наоѓаат заеднички јазик, и покрај нивните сосема спротивни карактери. Меѓутоа, штом го здогледува Шоџи во Токио, Нана Комацу ја губи од вид другата Нана и изгледа дека случајното познанство од возот завршува тука. Но судбината повторно ги спојува кога и двете ќе се појават да го изнајмат истиот стан. Збор по збор, тие решаваат да живеат заедно — на крајот на краиштата, и онака ниската кирија за станот така ќе стане двојно поевтина! Така започнуваат животните патешествија на двете девојки со исто име, кои заедно чекорат кон своите соништа.

Ликови Нана „Хачико“ Комацу (јап. 小松奈々) — наивна девојка што има способност да се „вљубува на прв поглед“. Поради нејзината безгрижност, но и поради тоа што постојано се „вртка околу нозе“ како кутре, Нана Осаки ѝ го дава прекарот Хачико (во чест на славното куче, чие име е изведено од бројот „осум“, додека името „Нана“ значи „седум“). Откако ја слушнала песната на Нана придружувана од Нобу на гитара, таа станува верна обожавателка на „Black Stones“, како и прва и најдобра пријателка на вокалистката Нана Осаки, со која истовремено е и цимерка. Нана ни самата не се разбира себеси, ниту знае што навистина сака, но на крајот сепак мора да направи избор. Се омажила за Такуми, со кого ја имаат ќерката Сацуки и синот Рен (во анимето е прикажана само ќерката, но Рен се споменува во мангата како постар син). Интересно е што Нана дознала за бременоста додека се гледала со Нобу и не знаела точно кој е таткото. Со текот на времето, Нана многу се менува — почнува да се однесува строго според идеалот за јамато надешико и дури и на Нобу му се обраќа како на „млад господар“.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Манги Категорија:Аниме-серии Категорија:Манга од 2000 година