мини|Познатите 737 елементи на Homo naledi Homo naledi е изумрен вид на архаичен човек откриен во 2013 година во пештерскиот систем Рајзинг стар, во покраината Гаутенг, Јужна Африка, дел од Лулката на човештвото, кој датира од Средниот плеистоцен од пред 335,000–236,000. Иницијалното откритие се состои од 1,550 примероци на коски, кои претставуваат 737 различни скелетни елементи и најмалку 15 различни индивидуи. И покрај овој исклучително голем број на примероци, нивната класификација со другите видови на родот Homo сè уште останува нејасна.
Категорија:Старо камено време