1818 Рене Лаенек, француски научник, во Париз, пред околу 30 лекари го прикажа својот пронајдок: првата слушалка за поставување дијагноза кога се во прашање срцеви и белодробни болести - стетоскопот. 1935 Во Париз (од 21 јуни до 25 јуни) е одржан Првиот меѓународен конгрес на писателите, на кој е решено да се основа Меѓународно здружение на писателите за одбрана на културата. 1963 Франција ги повлече поморските сили од НАТО. 1990 Во Унгарија повторно е отворена берзата, по 42 години откако беше затворена со одлука на комунистичката влада која ја презеде власта по Втората светска војна. 1994 Република Македонија и Република Киргистан воспоставиле дипломатски односи на ниво на амбасади. 1994 Почна пописот на населението, домаќинствата и на земјоделските стопанства во Република Македонија. 1996 Република Македонија и Туркменистан воспоставиле дипломатски односи на амбасадорско ниво. 21 јуни
Źródło i licencja
Na podstawie: Wikipedia — 21 јуни (настани) · historia autorów.
Tekst: CC BY-SA 4.0.
Informacja o opracowaniu
Usunięto składnię wiki i szablony; dłuższe teksty skrócono.