Роберт Хенри Андерсон (1899-1969) — ботаничар кој во 1945 година станал првиот директор на Сиднејската кралска ботаничка градина, роден во Австралија. Тој останал директор сè до неговото пензионирање во март 1964 година.

Ран живот Андерсон бил роден во Кума, Нов Јужен Велс на 12 март 1899 година, како син на преподобниот Вилијам Адисон Смит Андерсон и неговата сопруга Џејн, моминско презиме Томпсон. Тој е брат на Сер Вилијам Хјусон Андерсон.

Андерсон пораснал во Кума, Бовенфелс, Ливерпул и Арнклиф во Нов Јужен Велс, додека неговиот татко (ракоположен презвитеријански свештеник) се селел од парохија во парохија. Андерсон и неговиот брат се школувале во средното училиште „Форт Стрит Бојс“ во Питерсхам, Нов Јужен Велс .

Дела Андерсон е автор на „Садење дрвја на фармата“ (1931) и „Дрвјата на Нов Јужен Велс“ (1932).

Кариера

Ботанички асистент, Национален хербариум на Нов Јужен Велс (1924) Ботаничар и кустос, Национален хербариум на Нов Јужен Велс (1936) Главен ботаничар и кустос, Национален хербариум на Нов Јужен Велс и Сиднејската кралска ботаничка градина(1945) Директор и главен ботаничар, Национален хербариум на Нов Јужен Велс и Сиднејската кралска ботаничка градина(1960)

Наводи

Категорија:Австралиски ботаничари Категорија:Починати во 1969 година Категорија:Родени во 1899 година Категорија:Ботаничари со авторски кратенки