Бугарски историски архив (бугарски: Български исторически архив) ― архив кој функционира како дел од Националната библиотека „Св. Кирил и Методиј“, и чува повеќе од 1,5 милиони документи и посебна збирка „Портрети и фотографии“, која се состои од 80.000 фотографии, сите од историско значење за Бугарија и Балканот.
Историја Архивот е еден од најраните складишта на историски документи во Бугарија. Основан е во 1878 година, веднаш по ослободувањето на Бугарија и тогаш бил познат како Архивско одделение на библиотеката. До основањето на Државниот архивски фонд во 1951 година, функционирал како национален архив.
Содржина Најголемиот број документи потекнуваат од периодот од средината на 19 век до средината на 20 век, што го претставува Бугарскиот национален преродбенски период и периодот по ослободувањето на Бугарија. Исто така, подробно се опфатени и ослободителните борби во Македонија и Одринскиот крај, по ослободувањето во 1878.
Некои од најзначајните примероци од архивот се:
џебната тетратка на Васил Левски џебната тетратка на Христо Ботев фрагмент од пергамент со минијатурно писмо на грчки, од 11 век, најстариот ракопис во архивата
Надворешни врски
Службена мрежна страница на архивот
Категорија:Историографија на Бугарија Категорија:Државни архиви Категорија:Архиви во Бугарија Категорија:Историографија на Македонија Категорија:Појавено во 1878 година во Бугарија