Дејан Стојановиќ (роден на 19 јули 1993 година, во Фелдкирх) — австриско-македонски фудбалер, голман на .

Биографија Роден е и израснат во Австрија од родители со македонско потекло. Неговиот татко Ацо, исто така бил фудбалер, како и брат му Стефан.

Клупска кариера Стојановиќ ја започнал својата кариера во австрискиот клуб Лустенау 07, правејќи 23 настапи во сезоната 2010–2011. Иако ја започнал сезоната како резерва, тој застанал на голот во 13-тото коло и бранел се до претпоследното коло во Ерсте лигата, добивајќи одмор во последното коло.

Во јули 2011 година, кога наполнил 18 години, тој бил купен од италијанскиот Серија А клуб, , за износ од околу 260.000 евра.

Во сезоната 2011-2012 одиграл 20 натпревари за Примавера тимот на Болоња, а само во неколку наврати се приклучил на првиот тим како трет голман. Своето деби за првиот тим го направил во осминафиналето на Купот на Италија против , придонесувајќи за победата на Болоња на гости од 1-2 и елиминацијата на Наполи од натпреварувањето. Неговото деби во Серија А се случило на 5 мај 2013 година, кога на стадионот Олимпико во Рим го започнал натпреварот против , кој завршил со резултат 6-0 во корист на „бјанкочелестите“. Сезоната ја затворил со 5 настапи.

Во сезоната 2013-2014, покрај тоа што се здобил со скршеница на третиот метакарпал на левата рака, бил промовиран во втор голман на тимот (кој испаднал на крајот на сезоната), играјќи само во еден натпревар во последното коло против Лацио. Во следната сезона, тој имал 5 настапи за Болоња во Серија Б во првиот дел од сезоната, пред да биде позајмен на во истата лига.

На 31 август 2016, Стојановиќ потпишал за швајцарскиот клуб Санкт Гален. Таму поминал три ипол години, играјќи 69 првенствени натпревари, пред да биде продаден на англискиот клуб Мидлсбро со кој потпишал тригодишен договор на 16 јануари 2020. Своето деби во Чемпионшип го имал на 7 март 2020, забележувајќи сува мрежа во победата со 0-1 на гости над .

Откако забележал 8 настапи за Мидлсбро во неговата прва сезона, во втората настапил само еднаш (против Шрузбери Таун во Лига купот) по што следеле две позајмици во Германија во 2. Бундеслига, прво во Санкт Паули (19 настапи во сезоната 2020-2021), а потоа во Инголштат (9 настапи во сезоната 2021-2022).

На 1 јули 2022 година, Стојановиќ потпишал за друг германски второлигаш, Јан Регенсбург.

На 1 јули 2023 година, после 12 години играње во странство, Стојановиќ се вратил во Австрија потпишувајќи договор со екипата на Рајндорф Алтах.

Репрезентативна кариера Стојановиќ ја претставувал Македонија во репрезентацијата под 21 година, правејќи го своето деби во натпревар против Црна Гора во 2011.

Наводи

Надворешни врски

Дејан Стојановиќ на soccerway Дејан Стојановиќ на transfermarkt

Категорија:Живи луѓе Категорија:Луѓе од Фелдкирх Категорија:Македонски фудбалери Категорија:Австриски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Болоња Категорија:Фудбалери на ФК Кротоне Категорија:Фудбалери на ФК Санкт Гален Категорија:Фудбалери на ФК Мидлсбро Категорија:Фудбалери на ФК Санкт Паули Категорија:Фудбалери на ФК Инголштат