Џонатан Глао Та (роден на 11 февруари 1996 година, во Хамбург) — германски фудбалер, играч од одбраната на Бајерн Минхен и на германската репрезентација.
Биографија Роден е во Хамбург, од татко по потекло од Брегот на Слоновата Коска и мајка германка. Тој пораснал во хамбуршкиот округ, Алтона.
Технички карактеристики Централен дефанзивец со импозантна физичка структура, доминантен во воздухот, лидер во одбраната, кој во исто време има добро чувство за гол. Способен е добро да ги следи движењата на противниците, што му овозможува да ги предвиди нивните маневри. Понатаму, благодарение на неговите квалитети како што се читањето на играта и брзината на реакција, тој знае како да ги попречи противниците кога се во зоната на шутот. Покрај сево ова, има добар удар со десната нога, со која може да шутира силно и прецизно, а опасен е и по прекини бидејќи добро со глава. Поради стилот на игра, често е споредуван со неговиот сонародник Жером Боатенг.
Клупска кариера Хамбургер и Фортуна Диселдорф Започнал да игра фудбал на 4-годишна возраст во младинските редови на Алтона 93. Во 2009 година, тој преминал во Конкордија, пред да се пресели во младинската академија на Хамбургер истата година. На 4 август 2013 година, тој го имал своето професионално деби во натпревар од Купот на Германија против Шот Јена во победата од 4-0. Своето деби во Бундеслигата го имал на 21 септември 2013, во поразот со 0-2 од на домашен терен. Пробивајќи се во првиот тим, тој имал солидна дебитантска сезона во која забележил 16 настапи во првенството и 4 во купот.
И покрај солидниот број на одиграни натпревари за првиот тим на Хамбургер во претходната сезона, на 1 септември 2014 година, тој бил пратен на едногодишна позајмица во . Таму имал позитивен престој, играјќи 23 натпревари во 2. Бундеслига, привлекуавајќи интерес од неколку клубови од Првата Бундеслига.
Бајер Леверкузен На 15 јули 2015, Та потпишал петгодишен договор со Бајер Леверкузен во трансфер вреден 7.5 милиони евра. Дебитирал во дресот на „фармацевтите“ на 8 август 2015 година, во победата со 3-0 над нисколигашот Шпортфројнде Лоте во Купот на Германија. На 16 септември 2015, дебитирал во Лигата на шампионите во победата со 4-1 над Бате Борисов.
На 28 јануари 2017 година, тој го постигнал својот прв сениорски гол во кариерата во поразот со 3–2 од Борусија Менхенгладбах. На 26 февруари 2018 година, Баер Леверкузен го објави продолжувањето на договорот со Ta до 2023 година.
На 10 март 2019 година, Та го одиграл својот 100-ти натпревар во Бундеслигата за клубот. Во септември 2021 година, тој потпишал продолжување на договорот со клубот до 2025 година.
Та бил дел од тимот од Леверкузен кој ја освоил својата прва титула во Бундеслигата во историјата на клубот, за време на сезоната 2023–2024, остварена после победата над Вердер Бремен на 14 април 2024 година. На 3 мај 2024 година, тој бил вклучен во Тимот на сезоната во Бундеслигата заедно со пет негови соиграчи од Леверкузен. Во септември 2024 година, Та објавил дека нема да го продолжи договорот.
Тој го напуштил Леверкузен како слободен играч кога неговиот договор истекол по завршувањето на сезоната 2024–2025.
Бајерн Минхен На 29 мај 2025, Та потпишал договор со Бајерн Минхен до 30 јуни 2029.
Репрезентативна кариера Откако играл за младинските селекции на Германија на возраст од 16 до 21 година, Та го добил својот прв повик во сениорската репрезентација на Германија во март 2016 година за пријателските натпревари против Англија и Италија. Тој го имал своето деби во првиот натпревар, влегувајќи во игра на полувремето на местото на Матс Хумелс во поразот од 2–3. Тој бил повикан да го замени Антонио Ридигер за Европското првенство 2016, но не настапил на турнирот.
Откако во следните години само периодично бил повикуван во репрезентацијата, Та не бил вклучен во составот на Германија за Светското првенство 2018 или Светското првенство 2022.
Откако за време на шампионската сезона со Бајер Леверкузен успеал да си обезбеди место стартер во репрезентацијата, на крајот од сезоната тој бил повикан за Европското првенство 2024. Таму одиграл четири натпревари, вклучително и четвртфиналето, во кое Германија загубила од и го завршила настапот на турнирот.
Репрезентативни настапи
Титули Клупски Бајер Леверкузен Бундеслига : 1 2023-2024 Куп на Германија : 1 2023-2024 Суперкуп на Германија : 1 2024
Наводи
Надворешни врски
Џонатан Та на soccerway Џонатан Та на transfermarkt Џонатан Та на espn Џонатан Та на whoscored
Категорија:Фудбалери на ФК Хамбургер Категорија:Фудбалери на ФК Фортуна Диселдорф Категорија:Фудбалери на ФК Баер Леверкузен Категорија:Фудбалери на ФК Бајерн Минхен Категорија:Живи луѓе Категорија:Германски фудбалери Категорија:Родени во 1996 година Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2026