Dianthus armeria или тревест каранфил, — вид на Dianthus (каранфил) кој природно се среќава во поголемиот дел од Европа, од Португалија северно до јужна Шкотска и јужна Финска, и источно до Украина и Кавказ.Blamey, M. & Grey-Wilson, C. (1989). Flora of Britain and Northern Europe. Одомаќинет е во Северна Америка.Dickinson, T.; Metsger, D.; Bull, J.; & Dickinson, R. (2004) ROM Field Guide to Wildflowers of Ontario. Toronto:Royal Ontario Museum, p. 234.
Опис алт=Deptford Pink (Dianthus armeria) in flower|мини|Тревест каранфил (Dianthus armeria) Dianthus armeria е едногодишно или двегодишно растение кое расте високо од 40 до 60 см и има многу тенок изглед. Има широко распоредени, парни листови, а над нив се разгранува прилично ретко.
Базалните листови се тесно копјести, плоски и тапи, со ретки влакна по работ и долж средната жила на долната страна, а понекогаш и на горната страна на ламината.
На краевите на стеблата има краткостеблести или безстеблести гроздови од темно розови цвеќиња кои се опкружени со исправени, влакнести, листовидни прицветници. Овие цветни групи можат да се појават и странично. Секој цвет е 8-13 мм во дијаметар и има 5 копјести ливчиња, секое со неправилно назабени рабови и мали бели точки на горната површина. Листовите се влакнести, темнозелени по боја и тенки по форма.
Распространетост Dianthus armeria потекнува од Европа, каде што е широко распространет до 60° северна географска ширина во Скандинавија, протегајќи се на исток до Ерменија и Кавказ, и на југ до Шпанија и Сицилија. Внесен е во Северна Америка, каде што денес е одомаќинет и широко распространет како инвазивен вид.
Во Македонија се среќава на пасишта, покрај шуми, на песокливи терени и крај карпи, до 1200 m надморска височина.
Во Британија денес е исчезнат како автохтон вид од Шкотска, а е познат од неколку десетици локалитети во Англија и од 4–5 локалитети во Велс.
Живеалиште и екологија Dianthus armeria е вид што расте на отворени и периодично нарушени места. Обично е едногодишно растение, но може да биде двегодишно или краткотрајно повеќегодишно. Нови розети од листови се формираат во основата на старите растенија од пупки на нивните корени, што покажува дека овој вид всушност е краткотрајно повеќегодишно растение со животен век пократок од две и пол години. Цути од јули до септември. Цветовите се без мирис и ретко се опрашуваат од инсекти, при што самоопрашувањето е вообичаено. Секое растение постепено ослободува околу 400 семиња од своите мешунки; сепак, некои растенија задржуваат мал дел од семињата преку зимата. Цветовите се затвораат во доцните попладневни часови.
Одгледување и употреба лево|мини|Семиња од Dianthus armeria Често се одгледува како украсно растение во градините. Популации од ова растение се внесени и одомаќинети во Нов Зеланд и голем дел од Северна Америка.
Варијабилност Dianthus armeria subsp. armeria - Внатрешните лушпи на чашката се копјести, а чашката е зелена. Познат од Струмица – с. Банско и с. Свидовица; Кичево – с. Цер; Преспа – с. Крушје; Демир Хисар – с. Слепче.
Dianthus armeria subsp. armeriastrum (Wolf.) Velen - Внатрешните лушпи на чашката се јајцевидни, а чашката пурпурна. Познат од: Клисурата на р. Радика; Кораб – с. Нистрово, с. Тануше и Длабока Река; Стогово – с. Гари; Кавадарци – с. Мајден и с. Рожден; Тетово – с. Вратница.
Галерија
Наводи
Категорија:Флора на Украина Категорија:Флора на Обединетото Кралство Категорија:Флора на Финска Категорија:Флора на Португалија Категорија:Флора на Европа Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Каранфил Категорија:Флора на Македонија