Сицилиска незаборавка () — вид растение дел од семејството Boraginaceae.Guss. (1843) , In: Fl. Sicul. Syn. 1: 214Hassler M. (2019). World Plants: Synonymic Checklists of the Vascular Plants of the World (version Nov 2018). In: Species 2000 & ITIS Catalogue of Life, 2019 Annual Checklist (Roskov Y., Ower G., Orrell T., Nicolson D., Bailly N., Kirk P.M., Bourgoin T., DeWalt R.E., Decock W., Nieukerken E. van, Zarucchi J., Penev L., eds.). Digital resource at www.catalogueoflife.org/annual-checklist/2019. Species 2000: Naturalis, Leiden, the Netherlands. ISSN 2405-884X.

Опис Ова е едногодишно или двегодишно растение, без столони, високо до 30 см. Стебленцето му е вертикално или се издигнува, кусо и малку разгрането, или доколку е повисоко е поразгрането, со прилегнати нагоре свртени четинести влакна. Базалните листови копјести, линејни до елиптични, 10 до 30 мм долги, 2 до 6 мм широки, во основата стеснети, со прилегнати влакна. Стеблените листови се издолжено-јајцевидни до копјести, затапени, приседнати, нивната големина се намалува кон горниот дел на стеблото, со слична влакнавост како и базалните листови. Цветовите се собрани во кусо срповидно соцветие кое при образување на плодот се издолжува. Цветните дршки се куси, при образување на плодот стрчести или слабо свртени нагоре, не се подолги од чашката со исклучок на поединечни средишни или најдолни цветови во соцветието. Чашката е yвончевидна, при цветањето 2–3 мм долга, при образување на плодот се издолжува од 4 до 6 мм, всечена од до на 5 триаголни запци, со прилегнати четинести влакна, не отпаѓа или може да отпадне. Проширениот дел од венчето со пречник од 2 до 3 мм, светлосино. Оревчињата се јајцевидни или елиптични, 1 мм долги, кафеави.

Распространетост Сицилиската незаборавка домашен вид за средоземното подрачје. Се среќава главно на ливадите, чистините и шумските области во овие краишта.

Во Македонија Во Македонија видот се среќава на влажни, мочурливи места покрај потоци и реки на надморска висина од 100 до 1.400 м. Познат е за Прилепско - Маркови Кули, манастирот „Трескавец“ (КМ); Мариово – с. Старавина, с. Зович (BM, МК); Струмица – с. Банско (KM, BM); Богданци – Паљурци (ВМ); Кичево – Добра Вода (КМ, ВМ). Се посочува за Струмица, с. Габрово (Стоянов, 1921; Рудски, 1943; Сошка, 1953).

Биологија Овој вид обично цвета во пролет и лето. Цветовите на сицилиската незаборавка се опрашуваат од инсекти, особено пчели и пеперутки. Семето се шири од ветерот или од животни кои се очешуваат од растението. Растението брзо расте и може брзо да се шири во погодни области.

Таксономија Ова растение е познато и под научното име Myosotis siculus. Првпат го опишал италијанскиот ботаничар Лујџи Парлаторе во 1848 година. Постојат и синоними за овој вид, како што се Myosotis italica и Myosotis sicula subsp. sicula.

Зачувување Сицилиската незаборавка се смета за ранлив вид поради уништувањето на неговата природна средина. Човековите активности како што се урбанизацијата, интензивното земјоделство и расчистувањето на земјиштето предизвикале намалување на неговата популација. Неопходни се мерки за зачувување и заштита на ова растение и зачувување на неговата биоразновидност.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Лисичинки Категорија:Флора на Италија