Бусенеста незаборавка () — вид цветнo растение од семејството на лисичинките (Boraginaceae). Toa e циркумбореално распространето, се јавува низ некои делови од северната полутопка. Расте во многу видови живеалишта, вклучувајќи влажни и мокри подрачја, а понекогаш е и водно растение, расте во плитка вода.

Опис Ова е едногодишно или двегодишно растение, високо 10 до 50 см. Стеблото му е вертикално или се издигнува, неразгрането или од основата разгрането, со ретки, прилегнати, нагоре свртени четинести влакна. Базалните листови се издолжено-елиптични до копјести, долги 15 до 50 мм, широки 5 до 12 мм широки, во основата постепено клиновидно стеснети, од горната страна со погусти, од долната страна со поретки, понекогаш поединечни, прилегнати четинести влакна. Стеблените листови се тесно елиптични, елиптични до копјести, приседнати, долги 15 до 55 мм, широки 3 до 12 мм, со слична влакнавост како и базалните листови. Цветовите се собрани во растресито срповидно соцветие кое при образување на плодот силно се издолжува. Цветните дршки се долги 2 до 3 мм, при создавање на плодот се издолжуваат, долги 4 до 8 мм долги, дршките на цветовите кај најдолните цветови при образување на плодот се стрчести или свртени надолу, се издолжуваат до 10 мм (додека кај subsp. laxa до 25 мм). Чашката е yвончевидна, долга 3 до 6 мм, при создавање на плодот се издолжува (5–8 мм), всечена до 1/2 на 5 тесни триаголни запци, со прилегнати четинести влакна, често отпаѓа. Проширениот дел од венчето повеќе или помалку рамен со пречник од 4,5 до 5,5 мм, светлосино. Оревчињата јајцевидни до широко јајцевидни, долги до 2 мм, широки до 1,4 мм, со многу слабо изразен раб и без бразда, темнокафеави до црни.

Подвидови Опишани се два подвида на бусенеста незаборавка: M. laxa subsp. baltica (Sam.) Hyl. ex Nordh. и M. laxa subsp. cespitosa (Schultz) Hyl. ex Nordh. Познато е дека овие подвидови се морфолошки варијабилни, а често се среќаваат единки кои покажуваат особини и на двата подвида.

Myosotis laxa subsp. baltica некогаш се сметал за посебен вид, наречен Myosotis baltica, но оттогаш е генетски препознаен како подвид на M. laxa и поверојатно како крајбрежен екотип. M. laxa subsp. baltica е ендемски во подрачјето на Балтичкото Море и е најчест на Оландските Острови и Финска. Покажува одлики на живот во променливо крајбрежно живеалиште со поголеми семиња, порано цветање, ретко пониско разгранување, поголем пречник на стеблото, годишен животен циклус и подолги педикели додека плодоносат во споредба со M. laxa subsp. cespitosa.

M. laxa subsp. cespitosa има поширок опсег од subsp. baltica и може да се најде низ умерената Евроазија до северна Африка. Иако неговиот статус на зачуваност е непознат или најмалку загрижувачки во повеќето земји, тој е на Црвената листа на IUCN во Чешка. Во споредба со M. laxa subsp. baltica, се опишува дека има посилно стебло и може да варира помеѓу едногодишен, двегодишен или повеќегодишен животен циклус. Дополнително, подвидот често нема лисја во соцветието и е посилно разгранет во горниот дел од растението од subsp. baltica.

Живеалиште На влажни места, покрај потоци, реки, мочуришта, во влажни букови шуми, ливади, на надморска височина до 1450 м.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Незаборавка Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Северна Америка Категорија:Флора на Европа Категорија:Флора на Азија Категорија:Незагрозени видови според МСЗП